BtoBet гради култура на континуирано учење
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
Скопје, 20.06.2024 - Во време на забрзан технолошки развој, најголема предност имаат оние кои се едуцираат и остануваат во чекор со трендовите. Токму кон тоа се стреми и ИТ компанијата, BtoBet, која преку корпоративната култура и вредностите кои ги поставува ги поттикнува своите вработени на постојано учење, но и споделување на знаење.
Во последните 6 месеци, 25 членови на раководниот тим на BtoBet имаа можност да присуствуваат на специјално креирана “Step Up as a Leader and Manager” програма која е водена од Шмуел Мерхав, светски реномиран специјалист за развој во менаџмент и лидерство.
Во склоп на програмата, учесниците имаа можност да ја користат апликацијата Claro.one која преку прашалник открива и анализира кои се главните мотиватори за секој поединец и им дава насоки за брза и лесна комуникација и адаптација во тимовите.
Програмата “Step Up as a Leader and Manager” има за цел да им помогне на менаџерите да ги подобрат своите вештини во водење и менторство. Оваа интерактивна обука е специјално креирана за BtoBet и опфаќа теми поврзани со правилно делегирање, стратешко размислување, мотивација, справување со конфликти, давање повратна информација, признание и мотивација.
Преку стекнатото знаење раководниот тим понатаму има за цел да создаде уште подобра тимска и меѓутимска соработка, комуникација и достигнување на повисоки цели.
Културата за учење е важен чекор за успех, па оттука произлегува и ангажираноста на BtoBet да ги насочи и да им помогне да своите вработени во избор на обуки кои ќе придонесат кон нивен професионален, но и личен развој. Во последните дванаесет месеци, повеќе од 140 вработени земале свое активно учество на повеќе од 220 обуки на различни теми. Во главен фокус на учење е агилна методологија на работа, напредна бизнис анализа, напреден курс за развивање на софтвери, проектен и продуктен менаџмент, развивање на продукти.
„Свесни за трендовите кои ја движат индустријата и потребата за учење, целиме кон поттик и поддршка на нашите вработени за едукација и учење. Покрај формални едукативни обуки во живо, користиме и онлајн алатки, како што се Udemy и LinkedIn Learning, кои на колегите им овозможуваат во било кое време да пристапат, да учат и да се информираат. Дополнително, не го забораваме традиционалниот начин на стекнување информации и личен развој. Во нашите канцеларии во Скопје, Битола и Охрид поставивме физички библиотеки како дел од иницијативата "Take a Book, leave a Book". Денес имаме 120 книги, бројка која постојано се зголемува и претставува уште еден знак на нашата посветеност кон постојаното учење“,вели Љупка Ивановска, Head of People & Culture во BtoBet.
Покрај култура на учење, BtoBet отворено и гордо го споделува знаењето, а доказ за тоа е и учество на конференцијата Women in Tech, која има за цел да едуцира за трендовите и иновациите во технолошкиот свет.
На тема „Револуционерен ангажман на клиенти преку извонредни технички искуства“, Биљана Џеповска го сподели своето знаење и искуство пред повеќе од 450 присутни ентузијасти, а Ивана Атанасова, беше говорник во „Панел на иднината: Што е следно?“ и сподели насоки и совети од позиција на проектен менаџер.
Преку овие иницијативи, BtoBet се стреми да гради динамична и информирана работна сила, со цел позиционирајќи се себеси во првите редови на технолошките иновации и развојот на лидерството.