Онлајн продавницата Kids Today започнува акција за донација на детска облека – мотивација за поголема грижа за природата и заедницата
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
Дали имате износена детска облека која е во добра форма и сакате да ја донирате или подарите?
Онлајн продавницата за деца Kids Today започнува со активност која има за цел да ги мотивира луѓето да ја чуваат и рециклираат детската облека, и да ја подарат со што прават позитивен чекор кон грижа за заедницата и за природата. Сите оние кои поседуваат детска облека која повеќе не им е потреба, а во добра форма и е нослива, може преку Kids Today да ја подарат на семeјства и поединци на кои им е најмногу потребна. Собраната облека Kids Today ќе ја донира во Црвен Крст и други официјално регистрирани организации кои имаат донаторски активности.
Како благодарност, сите оние кои ќе подарат облека стануваат членови на лојален клуб на купувачи на Kids Today преку кој добиваат низа бенефити:
- Попуст при секое купување
- Бесплатна достава
- Учество во private sales
- Специјални активности и show rooms
Kids Today ja следи филозофијата дека облеката треба да се наследува, да се носи од повеќе генерации деца и да се подарува. Оваа филозофија се отсликува и во изборот на брендови кои се застапeни на оваа е-продавница. Станува збор за висoко-квалитетни брендови, кои користат органски материјали за производство на детската облека и истите се сертифицирани според највисоки, интернационални стандарди за одржливост. Тоа значи дека не само потеклото на материјалите е органско, туку и условите во кои облеката се произведува се со стандарди кои ги задоволуваат правата на работниците, а тие се платени соодветно на својата работа. Сите брендови се произведени во Европа.
Можноста за подарување/донација на облека ќе биде постојано достапна за сите кои се заинтересирани.
За организирање на Вашата донација контактирајте нè на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Следејќи ја стратегијата за одржливост Kids Today остварува соработки и поддржува инцијативи кои работат според овие принципи и со своите активности помагаат за подобрување на секојдневието на секој поединец, а особено на децата.