Фотостареење - предвремено стареење на кожата предизвикано од сонце
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
За фотостареењето се повеќе дознаваме од дерматолошките истражувања кои се попрецизно го лоцираат фотостареењето односно предвременото стареење на кожата во 90% при незаштитеното изложување на сонце.
Сонцето, иако е витален извор на енергија и живот, има и значителна негативна страна а тоа е влијанието врз кожата. Долготрајната изложеност на сончевите ултравиолетови (УВ) зраци е примарна причина за фотостареење. Студиите сугерираат дека фотостареењето може да се манифестира во различни форми, вклучувајќи брчки, линии, старечки дамки или губење на еластичноста на кожата. За разлика од природното стареење кое настанува со текот на времето и зависи од генетски фактори, фотостареењето е резултат на кумулативната УВ изложеност што го забрзува процесот на стареење.
УВ зраците продираат во кожата и ги разградуваат колагенските и еластичните влакна кои се суштински компоненти што ја одржуваат кожата цврста и младешка. Еден од најефикасните начини за борба е употребата на креми за сончање кои нудат широк спектар на заштита од УВА и УВБ зраци. Eucerin Photoaging Control SPF50+ е производ со напредна формула што помага да се спречи овој несакан процес. Вклучување на заштита од сонце во дневната рутина за нега на кожата има огромно значење, независно од временските услови или секојдневни активности. УВ зраците се штетни и при облачно време па нанесувањето не треба да биде ограничено на деновите што се исклучително топли.
Нанесувањето треба да биде често, особено летно време, бидејќи со пливањето или бришењето на потта се отстранува дел од заштитниот крем и се зголемува ризикот за фотостареење. Состојките се исто така многу важни. Хијалуронската киселина е природно присутна во кожата и помага во еластичноста. Кремата на Еуцерин Photoaging Control покрај заштитниот фактор содржи и хијалуронска киселина што помага за хидратација на кожата. Исто така содржи 2 моќни антиоксиданти како што се Ликохалон А и глициретинска киселина кои ги заробуваат слободните радикали и спречуваат отпочнувањето на алергиска реакција, исто така го намалуваат воспалението на кожата и ги подржуваат природните механизми за регенерација и репарација на кожата.
Со разбирање на тоа што е фотостареење и вградување на ефективни производи за заштита на кожата во секојдневната рутина на долг рок внимаваме на сеопфатната нега на кожата значи и долгорочно здравје.