Како да го изберете најдобриот душек според вашите навики за спиење?
- Детали
- вторник, 18 јуни 2024
Дали го знаете она чувство кога после долгиот ден на работа едвај чекате да легнете во кревет, но потоа и покрај тоа што конечно сте во креветот за кој сонувавте цел ден, не можете да најдете удобна положба за спиење? Или можеби во текот на ноќта често се будите и се превртувате, а утрото го дочекувате уморни и во болка?
Вистинскиот душек може да направи огромна разлика во квалитетот на вашиот сон и целокупното чувство на благосостојба. Без разлика дали спиете на страна, на грб или на стомак, изборот на душек прилагоден на вашите навики за спиење може да го подобри вашето секојдневие.
Еве како да го изберете најдобриот душек според вашите навики за спиење.
СПИЕЊЕ НА СТРАНА
Ако вашиот омилен начин на спиење е на страна, изберете душек со средна цврстина како Ortopedik extra (Ортопедик екстра) или Ergosan plus (Ергосан Плус). Рамената и колковите ќе потонат во душекот, а 'рбетот ќе остане во природно исправена положба. Спиењето на страна позитивно влијае на циркулацијата, го намалува притисокот врз белите дробови, а според бројни истражувања ова е најчеста и најздрава поза за спиење.
СПИЕЊЕ НА СТОМАК
Ако спиете на стомак, вашиот 'рбет се наведнува, што потенцијално може да има негативен ефект врз вашето тело. Во оваа поза најмногу се изложени цервикалниот 'рбет и грбот бидејќи телото не е во природна положба, а истовремено се напрегаат мускулите и зглобовите. Препорачуваме душеци со средна цврстина како Memo lux (Мемо Лукс), Adria duo (Адриа Дуо) и Flexysan (Флексусан), со употреба на перници под колковите за дополнителна поддршка.
СПИЕЊЕ НА ГРБ
Доколку вообичаено спиете на грб, изберете малку потврд душек како што се нашите медицински душеци Vitalis (Виталис), Dry strong plus (Драј Стронг Плус) и Eko (Еко), бидејќи вратот и лумбалниот дел не треба да тонат премногу во душекот. Душекот треба да обезбеди потпора со пополнување на празнините во задната линија додека ја одржува удобноста. Здрав сон ќе обезбедат душеците со жичано јадро или потврдо јадро од пена.
Понуда за душек прилагодена на вашите навики
Во големиот асортиман на душеци, сигурно ќе го пронајдете правиот за вас, оној на кој секој дел од вашето тело ќе ужива во својата идеална положба. Притоа вашиот фаворит можете да го ,,уловите” овој месец со голема заштеда. Во нашите салони, пробајте ги душеците и консултирајте се со продажни советници за наоѓање душек кој ќе ви обезбеди соодветна поддршка и удобност за време на спиењето.
Во нашата широка палета на душеци од сопствено производство, можете да најдете душеци со јадро од џебна жица и душеци со јадро од пена. Душеците се со различна удобност, висина и цврстина, со навлаки изработени од најквалитетни материјали. Покрај душеците, програмата за спиење Прима вклучува се што е потребно за да се исполнат сите услови за здрав и оживувачки одмор.
Уверете се во квалитетот, удобноста и естетиката на асортиманот спални соби на Прима и посетете го најблискиот салон (на Прима), каде што ќе ве пречекаат продажни советници кои ќе ви помогнат да изберете мебел и украси прилагодени на стилот на вашиот дом. Погледнете го новиот леток на Прима во кој може да ги видите најниските цени за да имате најслатки сништа: https://www.prima-mebel.mk/na-niski-ceni-za-slatki-snishta
Прима има се за да се разбудите со насмевка!