Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

„Клик! Бум! Трас! Среќен роденден Ананас!“ гласи новата кампања на Ananas по повод една година во Македонија. На 13 јуни Ananas ќе го прослави својот прв роденден, а годината исполнета со успеси и големи достигнувања ја одбележува со роденденска кампања во чиј склоп се приредени бројни поволности, понуди и попусти за корисниците. 

ananas-slavi-edna-godina-vo-makedonija-so-golema-rodendenska-kampanja-01.jpg

Со повеќе од 110.000 производи достапни на најголемата онлајн продавница ananas.mk, во изминатата година Ananas воведе целосно нов концепт за онлјан купувањето во Македонија, кој полека но сигурно ги менува навиките за купување на корисниците. Денес, скоро и да не постои човек кој не купил барем еднаш онлајн, а тие што редовно го практикуваат овој начин на купување се добро запознаени со големиот избор на производи и понуди кои редовно можат да се најдат на Ananas. Со воведување на услугата „а – директ“ која овозможува достава на пратката во рекордно брзо време, некогаш дури и во истиот ден, Ananas во изминатава година постави нов стандард кога станува збор за ефикасноста и брзината на испораката на производи купени онлајн.

Атрактивната роденденска кампања, која започна овој месец и ќе трае сè до нивниот роденден на 13 јуни, нуди попусти до 60% на широкиот асортиман на производи достапен на најголемиот онлајн шопинг мол, ananas.mk. Во роденденската промоција е опфатена голема палета на производи од категориите бела техника, мали куќни апарати, телевизори, дом и градина, козметика, опрема за лето и многу други.

Покрај попустите и понудите достапни на нивната веб страна, роденденската промоција на Ananas вклучува многу други поволности што можат да бидат искористени од страна на фановите на нивните профили на социјалните мрежи. Бројни ваучери, специјални giveaways и големи подароци во одбројувањето на последните 10 дена од нивната кампања се дел од изненадувањата кои Ananas ги подготви во прослава на првиот роденден, кој официјално ќе биде одбележан на 13 јуни со големо изненадување. Доколку има производ кој веќе извесно време го посакувате или едноставно сакате да направите добар шопинг, сега е вистинскиот момент да ги искористите роденденските попусти до 60% кои ќе ги најдете единствено на ananas.mk.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg