КРКА ја презентираше мобилната апликација Флеби - бесплатно дигитално решение за здрави вени и навики

Преземете ја мобилната апликација Флеби. Достапна е на македонски јазик и добијте бесплатни совети за Вашите вени, за спречување на прогресијата на хроничната венска болест, за справување со хемороиди, но и други насоки за здрав и балансиран живот.

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-01.jpg

Мобилната апликација Флеби е веќе достапна на App Store и Google Play. Сега, сите засегнати индивидуи можат едноставно и бесплатно да ја преземат и да добијат персонализиран и практичен водич за здрав, балансиран начин на живот.

Станува збор за мобилна апликација развиена од фармацевтската компанија КРКА, со поддршка на докторите и на вештачката интелигенција.

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-02.jpg

За ова ново, дигитално решение кое е достапно и на нашиот пазар денеска КРКА организираше промотивен настан, кој обедини околу 300 фармацевти, доктори и здравствени работници. На настанот, присутните имаа можност да се информираат за сите придобивки од користењето на оваа мобилна апликација.

Во рамки на овој настан, беше одржана ипанел дискусија на која беа споделени повеќе стручни совети од страна на доктори и специјалисти, во врска со хроничната венска болест, симптомите и решенијата.

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-03.jpg

Исто така, присутните гости имаа можност да уживаат во здравите рецепти подготвени од страна на нутриционистката Ана Марија Кузмановска. Дел од настанот беше посветен и на важноста од одржувањето на здрав живот и здрави навики, при што персоналниот тренер Марина Горњивска и нејзиниот тим одвоија време да демонстрираат дел од вежбите за подобрување на циркулацијата и зацврснување на мускулите на нозете.

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-04.jpg

„Примарно, апликацијата Флеби помага за одржување на здравјето на вените и спречување на прогресијата на хроничната венска болест. Но, во рамки на апликацијата можат да се видат и повеќе практични вежби за здрави нозе, статии за справување со хемороиди, како и да се прочитаат совети за здрава и балансирана исхрана. Среќни сме што како КРКА го направивме овој исчекор и на уште еден начин покажуваме грижа за сите наши пациенти, за сите граѓани“, истакна Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд менаџер во КРКА – Скопје. 

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-05.jpg

Оваа година, КРКА одбележува и 70 години од своето постоење. Под мотото „70 години – Живееме здрав живот“, оваа фармацевтска компанија ја истакнува својата заложба и идеја за создавање на поздрава и посреќна заедница.

Повеќе информации за мобилната апликација Флеби можете да добиете на овој линк.

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-06.jpg

krka-ja-prezentirashe-mobilnata-aplikacija-flebi-besplatno-digitalno-reshenie-za-zdravi-veni-i-naviki-07.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg