Иновативно решение за заштита од сонце за мрсна кожа
- Детали
- вторник, 28 мај 2024
Во денешното време кога сите знаеме дека кожата е важно да биде заштитена од штетни УВА/УВБ зраци почнува и предизвикот на луѓето што имаат мрсна кожа склона кон акни како да започнат со сеопфатна заштита од сонце, а при тоа да не ја изиритираат кожата дополнително.
Современиот начин на живот подразбира брзо и активно темпо. Нанесувањето заштитна крема на лицето треба да биде брзо и ефектно за луѓето буквално од секоја сфера на општественото делување да го прават тоа редовно. Дали се работи за ученик, студент, спортист, млад човек што оди на работа, престојувањето на отворено значи и поголема изложеност на кожата на сонце.
Производ што би се вклопил во сечија рутина, особено за луѓето чија кожа е склона кон акни, треба да е лесна крема, да не се деградира со изложување на топлината на сонцето, заштитата да биде постојана и производот да биде отпорен на пот и себум. Токму водено од овие карактеристики Еуцерин го создаваат иновативното решение Sun Face Oil Control Gel-Cream SPF 50+. гел-крема чиј финиш е без остатоци, не остава сјај и кожата е сува на допир по нанесувањето.
Важно е да се заштитиме со производ што е опремен со напредна спектрална технологија дизајнирана да понуди бедем против штетните зраци што придонесуваат за иритација на кожата но и предвремено стареење и појава на брчки во подоцнежните години.