Продолжение на една успешна соработка: Mozzart со поддршка на Херкулес Гранд При

prodolzenie na edna uspesna sorabotka mozzart so poddrska na herkules grand pri 01

Лидерот во приредување игри на среќа продолжува да ги поддржува важните спортови,манифестации и организации низ државата, а успешната соработка со Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија трае со години.

Силата на оваа соработка се покажа и на натпреварот Херкулес Гранд При кој се одржа викендов во Арената „Борис Трајковски “во Скопје, а кој Mozzart го поддржа во улога на спонзор.

Херкулес Гранд При е натпревар од календарот на меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација, IFBB на кој се добиваат поени за светската ранг листа. Во Македонија од 2018 се одржуваат два натпревара од тој ранг, еден на пролет и еден на есен. Регистрацијата и мерењето се одвиваше во хотелот Александар Палас, а натпреварот се одржа во Борис Трајковски. Натпреварот од страна на официјалните лица е оценет со највисоки оценки. Голема благодарност до Mozzart кои несебично секоја година стојат зад нас како помагатели и спонзори”, изјави Претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

Годинава на Херкулес Гранд При, учествуваа натпреварувачи од 14 држави од Европа.

Македонските натпреварувачи победија во две категории, Петар Стојановски во Бодибилдинг и Ајремин Јусуфи во Мускулар Физик.

Mozzart и натаму продолжува да дава поддршка на спортот во Македонија и да биде активен учесник во организација на вакви и слични настани.

prodolzenie-na-edna-uspesna-sorabotka-mozzart-so-poddrska-na-herkules-grand-pri-02.jpg

prodolzenie-na-edna-uspesna-sorabotka-mozzart-so-poddrska-na-herkules-grand-pri-03.jpg

prodolzenie-na-edna-uspesna-sorabotka-mozzart-so-poddrska-na-herkules-grand-pri-04.jpg

prodolzenie-na-edna-uspesna-sorabotka-mozzart-so-poddrska-na-herkules-grand-pri-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg