Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката традиционално веќе четврта година по ред го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво. 

zapochnuva-karavanot-za-finansisko-sovetuvanje-na-nlb-banka-01.jpg

Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност, советување и едукација за осигурителните продукти во делот на животно и неживотно осигурување, производи за инвестициско осигурување на живот и удели од инвестициски фондови, како и да ја зголеми свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

За времетраењето на караванот, во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, претставници на Банката и осигурителните компании ќе давааат стручни финансиски совети и информативни материјали, овозможувајќи им на сите заинтересирани детално да се информираат за небанкарските финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка, а воедно да добијат и промотивен подарок.

Локациите и времето на одржување на промотивните активности за време на караванот за финансиско советување може да ги најдете на социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување. Распоредот на караванот е достапен он-лајн и истиот можете да го погледнете ТУКА.

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанкарски производи на едно место. Банката овозможува и советување, консултација и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби и идеална финансиска стабилност со цел поквалитетен и подобар живот за нив.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg