Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Вчера на Водно се одржа најмасовна планинска трка во земјата и во регионот, „Sparkasse LIFE Прв до врв“.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-01.jpg

Рекорден број велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, со планинарење, трчање и возење велосипед ја искачуваа планината и се натпреваруваа за освојување на врвот. 

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-02.jpg

Дванаесеттото издание на настанот, веќе втора година под покровителство на главниот спонзор Шпаркасе Банка АД Скопје – „Sparkasse LIFE Прв до врв“, покрај официјалниот натпреварувачки дел, понуди незаборавна забавна содржина за сите присутни на настанот.

Трките имаа две стартни позиции – од пред Музеј на Град Скопје и од ОУ „Кочо Рацин“, а интересот за учество беше огромен. На манифестацијата се натпреваруваа околу 4.000 учесници, што е рекордна бројка досега. Ова се најуспешните освојувачи на врвот:

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-04.jpg

Во трката друмски велосипедизам во категорија мажи прв до врв оваа година беше Делчо Донев, додека во категорија жени прва беше Елена Петрова.

Во трката планинско трчање во категорија мажи прв до врв оваа година беше Мориц Ауф дер Хајде од Германија, додека во категорија жени прва беше Магдалена Височка од Полска.

Во трката планински велосипедизам во категорија мажи прв до врв годинава беше Кирил Марковски, додека во категорија жени прва беше Андријана Анастасоска.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-05.jpg

Во трката со електрични велосипеди најбрзи беа Дарко Несторовски и Моника Стефанова.

Во тим-билдинг трката за компании годинава прв до врв стигна тимот на „ИПА – Скопје“, втори беа ЕВН, а трети „Аксапта мастерс“.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-06.jpg

На ова издание на настанот беа урнати два рекорда. Елена Петрова во друмски велосипедизам за жени и Мориц Ауф дер Хајде во планинско трчање за мажи поставија нови најдобри времиња во искачувањето до врвот на Водно. Тие двајца ќе го поделат наградниот фонд од 1.000 евра што го обезбеди Шпаркасе Банка.

Дополнително, со преземање на стартното бројче, пријавените имаа можност да учествуваат во наградната лотарија организирана од Шпаркасе Банка АД Скопје, на која беше извлечен еден среќен добитник на ваучер во износ од 300 евра за набавка на спортска опрема.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-07.jpg

И годинава, голем број од вработените во Шпаркасе Банка АД Скопје беа дел од трките и на тој начин ја демонстрираа својата поддршка на здравиот начин на живот преку физичка активност, а присутните ги поздрави Ивана Петревска, директор на дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Петревска им се заблагодари на сите учесници и им честиташе на победниците, изразувајќи го своето задоволство од успешното реализирање на „Sparkasse LIFE Прв до врв“ како резултат на заложбите на Банката за промоција на спортот и создавање здрави навики кај луѓето, од најмлади до највозрасни.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-08.jpg

„Преку платформата ‘Sparkasse Life’, Шпаркасе Банка постојано поддржува иновативни проекти, поединци и групи. Во нашата банка сме посветени на поддршка на настани што промовираат спорт, здрав начин на живот и чиста животна средина. Веруваме во моќта на спортот да ги зближи заедниците, веруваме во придобивките од здравиот начин на живот како и важноста од зачувување на животната средина за идните генерации. Преку нашето спонзорство и партнерства, имаме за цел да ги охрабриме и да ги инспирираме поединците да водат активен и здрав живот, и дека заедно можеме да направиме позитивно влијание врз нашата заедница, за подобра иднина на сите.“

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-09.jpg

„Им честитам на сите учесници што направија уште едно величествено и најдобро досега издание на ‘Прв до врв’. Масовноста, рекордите, учесниците од странство, добрата енергија и задоволството што можеа да се видат на целта, ни даваат силен поттик за организирањето на следното издание. Водно, Скопје и Македонија заслужено го имаат најмасовниот планински настан во регионот“, изјави Александар Георгиевски, претседател на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Следното издание на манифестацијата е закажано за 18 мај 2025 година.

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-10.jpg

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-11.jpg

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-12.jpg

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-13.jpg

rekorden-broj-domashni-i-stranski-natprevaruvachi-i-dva-urnati-rekordi-go-odbelezhaa-12-izdanie-na-nastanot-sparkasse-life-prv-do-vrv-14.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg