Љубчо Бубо Каров: „На улица често ме мешаат со Антонио Бандерас“
- Детали
- недела, 19 мај 2024
Во новото издание на „Нешто конкретно“ разговараме со луѓе што оставиле трајни вредности на македонската сцена.
Можеме ли луѓето што се креатори на трајните вредности да ги наречеме професионалци? Што кога ќе ја добиеш титулата за трајна вредност, дали после тоа треба да си ќутиш и да си траеш или напротив треба да ја уживаш сета вредност што ја носи таа титула заедно со сите привилегии? Што е побитно за да добиеш трајна вредност - доволно години или доволно успеси? Овие и други прашања ги разработуваме со нашето особено високо друштво - Љубчо Бубо Каров, Индира Кастратовиќ, Ранко Петровиќ и Вера Мештеровиќ.
Како изгледаат јавните личности во очите на публиката што кога ќе ги видат во живо им велат - еј па ти бил многу нормален? Треба да се свати како комплимент или навреда? Ранко се пошегува дека него обично го прашуваат дали е Горан Пандев поради физичката сличност. Дали и вие сметате дека наликуваат еден на друг?
Вера Мештеровиќ сведочи за тоа како гледачите ја доживуваат дигнато се додека не ја запознаат во живо.
Дали Индира Кастратовиќ имаше поголема вредност како играч или како тренер? Таа смета дека како играч оти кај нас во суштина вредноста е во резултатот, затоа што во Македонија сите сме тренери и селектори.
Бубо Каров или Цацко е особено горд бидејќи природните скулптури во Конопиште беа именувани според неговиот лик. Тој ќе раскаже како тие го добиле ова име и зошто. Цацко исто тска зборува за тоа како самите не биле свесни колку К-15 се популарни од што толку биле посветени на својата работа. Се потсетува како Горан Стефановски им ги отворил очите за тоа.