Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?
- Детали
- четврток, 16 мај 2024
Сведоци сме на многу впечатливи и значителни трендови на пазарот на недвижности во последните неколку години, кои го променија начинот на кој работи целата индустрија. Иако очекувањата на ниво на цела Европа беше дека пазарот на недвижности ќе доживее стабилизација на понудата и на цените, сепак сликата во Македонија покажува нешто различно, додека инвеститорите и потенцијалните купувачи бараат одговор на некои клучни прашања кои ќе им помогнат да го направат вистинскиот избор.
Како големата понуда и привидната „заситеност“ на пазарот ќе влијае на цените? Дали и понатаму инвестирањето во недвижности претставува најдобра инвестиција за иднината?
Новите предизвици и последните трендови на пазарот на недвижности во земјава ќе бидат тема на втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА, која ќе се одржи на 22 мај во хотелот DoubleTree by Hilton. Дел од конференцијата ќе бидат повеќе експерти од полето на недвижности од земјата и од странство, кои ќе земат учество на некој од шесте панели во текот на еднодневниот настан.
Зголемениот интерес не само за купување, туку и за изградба на нови недвижности, ги натера и финансиските институции да се адаптираат на новите текови со цел да ги исполнат барањата на клиентите, но и да се заштитат себеси од потенцијалните ризици кои доаѓаат со финансирање на капитални инвестиции. Затоа, инвеститорите се’ почесто почнаа да бараат начини за алтеранативно финансирање. Токму ова ќе биде опфатено во првиот панел „Финансирање на инвестициите во комерцијален недвижен имот“ со кој ќе се отвори претстојната Конференција за недвижности.
Промената на желбите и барањата на корисниците на недвижности, но и на инвеститорите, создаваат нова динамика во секторот на недвижности, особено кога се работи за зголемената важност на одржливоста. Денес се очекува канцелариите и деловните простории да станат физичко олицетворение на целите за одржливост на компаниите, а секторот за недвижности веќе реагира на тоа – можеби побавно од очекувањата, но на соодветен начин. Практичните решенија за одржливост стануваат важни фактори за компаниите но и за инвеститорите кои одлучуваат дали да купат, изнајмат или управуваат со недвижнина. На конференцијата ќе се дискутира за бизнис зградите како модел за инвестирање, за можностите за инвестиции во хотелски капацитети, за теми како урбанизација, урбанистичко планирање и многу повеќе.
“Гранд Скопје” како Prime Sponsor на Конференцијата за недвижности ќе биде поддржувач на панел дискусијата насловена „Урбанизација и урбано планирање“ односно како урбаното планирање влијае на долгорочниот развој на градот Скопје.
Едно е сигурно, на 22 мај на втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА не очекуваат многу интересни теми, компетентни говорници и панелисти, можност за умрежување и контакти со лица од индустријата. Регистрација и повеќе инфо на: https://realestateconference.mk/mk/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0/