6 предлог дестинации во Европа и земјава за сите патувачи

Факт е дека парите потрошени на патувања, ќе ве направат посреќни отколку парите потрошени на материјални работи. И што е најважно, должината на патувањето не влијае на среќата којашто ја чувствувате по неговото завршување.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-povekje.jpg

Одберете некоја дестинација во Европа, а доколку сте ограничени со време, прошетајте низ некои од селата во нашата земја кои овозможуваат вистински „ресет“ на телото и мозокот.

Која треба да биде вашата следна дестинација?

Ако сакате да отпатувате со авион, ова се трите предлози за некои од најпосакуваните европски дестинации оваа пролет:

1. Париз, Франција.

Домаќинот на Олимписките игри оваа година се очекува да биде вистинска „оаза“ на посетители од целиот свет.

Уживајте во магијата на градот на светлината, посетете го Дизниленд и чувствувајте се повторно како дете, напијте се чаша „Бордо“ во симпатичните кафулиња и ресторани во близина на Ајфеловата кула, во боемскиот шмек на Монмартр.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-02.jpgфото: pixabay.com

Како да стигнете: Од Скопје имате директен лет до Beauvais, а од таму лесно може да стигнете до Париз со автобус, воз, такси, Uber. Зависно од гужвата, до центарот на Париз би биле од прилика за час и половина.

2. Малага, Шпанија.

Доживејте ги убавините на Андалузија во родниот град на Пикасо. Ќе уживате во прекрасната клима на Средоземното Море, вкусна паеља со морски плодови, прекрасната природа и зеленило, тесните улички со посебен шмек во околината на катедралата.

Доколку имате повеќе денови, со воз или автомобил обиколете ги и магичните предградија на Малага – Марбеља, омилената помеѓу светскиот џет-сет, Беналмадена, Мијас, Торемолинос, Фуенгирола. Брегот на сонцето (Costa del Sol) нуди вистинска магија, хедонизам и луксуз.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-01.jpgфото: pixabay.com 

Како да стигнете: До Малага може да летате од Скопје преку Истанбул, Виена или Цирих или со директен лет од Софија.

3. Катанија, Сицилија.

Лоцирајте се на делот од островот од каде што лесно ќе може да ги посетите некои од најубави градови на Сицилија. Катанија е во подножјето на вулканот Етна чија посета е задолжителна.

Прошетајте низ шаренилото на Таормина, прекрасниот барок на Ното и Сиракуза (родното место на Архимед) – Сицилијанците со право велат дека островот е автентичен и неспоредлив со било кое место на светот. Некој ќе рече претенциозно, но сепак, не се воопшто далеку од вистината.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-03.jpgфото: pixabay.com 

Како да стигнете: До Сицилија може да стигнете од Скопје со летови преку Истанбул или пак од Белград и Тирана.

За поголем комфор за време на вашето патување, на време обезбедете си ја новата премиум дебитна картичка Mastercard World Debit на Халкбанк која Вашето патување ќе го направи уште поголемо уживање.

Што добивате:

- Бесплатен пристап Lounge Key во Lounge зоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и во Истанбул;

- Можност за користење на Mastercard Airport Security Fast Track by Dragon Pass – побрзо и поудобно патување на повеќе од 70 аеродроми;

- Пристап до роаминг со Mastercard Global Data Roaming by Flexiroam – бесплатни 3x1 GB интернет во роаминг за првите 3х5 последователни дена;

- Услуга Асистенција на пат – пакет Европа овозможена од Халк Осигурување;

- Без надомест за повлекување на средства од сите банкомати во земјава;

- СМС инфо без надомест;

- Електронско банкарство и М-банкарство без надомест.

Доколку пак се одлучите за кратко патување низ Македонија со автомобил ова се трите предлог дестинации кои ќе бидат вистинско освежување за сите сетила:

1. Брајчино – спој на природата, историјата и традицијата.

Со изобилие од прекрасни пејзажи, патеки за пешачење и планирање со најубавиот поглед на Преспанското езеро и чист планински воздух, во срцето на Пелистер, селото Брајчино со отворени раце ги дочекува сите љубители на природата.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-06.jpgфото: park-pelister.com

Кога на сета таа недопрена природна убавина ќе се додадат традиционалните преспански јадења подготвени тазе од гостопримливите селани, тогаш со право Брајчино го носи епитетот за едно од најубавите села во Македонија.

2. Лазарополе – мијачко село скриено во срцето на Бистра.

Ова мало, но преубаво македонско село е вистински предизвик за сите љубители на планинарењето, бидејќи нуди одлични патеки низ густа шума и чист воздух.

Велат дека Лазарополе е најубаво во пролет, кога цветаат нарцисите. Пробајте вкусно сирење, пита и уживајте во приказните на локалците.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-08.jpgФото: depositphotos.com

3. Зовиќ – село во битолскиот дел на Мариово препознатливо по филмскиот мост.

Препознатливиот филмски мост е изграден од камен, со делкани и приделкани камени блокови. Има лачна форма и приспособен е на природата околу него.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci.jpgфото: Novaci.mk

Во долниот дел во непосредна близина на реката од страната на селото Зовиќ изградена е воденица, која населението ја користело за мелење на жито. Под мостот на една висока карпа е насликан светецот Свети Ѓорѓи во чест на малата црква која некогаш постоела во близина.

6-predlog-destinacii-vo-evropa-i-zemjava-za-site-patuvaci-10.jpg

Ова е прва еко дебитна картичка изработена од употребена рециклирана пластика. Уникатниот и впечатлив дизајн на оваа картичка е инспириран токму од природата – од трасата на движење на македонскиот рис. Картичката Mastercard World Debit е веќе достапна и за неа може да аплицираат сите клиенти што се приматели на плата или пензија во Халкбанк.

Повеќе информации за брзиот и едноставен процес за апликација за оваа картичка може да најдете тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg