Следува најмасовниот планински настан во регионот - „Sparkasse Life Прв до врв“

На 19 мај годинава, по 12-ти пат традиционално ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот.

sleduva najmasovniot planinski nastan vo regionot sparkasse life prv do vrv

Натпреварувачите ќе ги одмерат силите во пет категории: планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, е-bike и Team-building Summit Run, на планината Водно во Скопје.

Трката во планинско трчање ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката, воедно најкратка и најстрмна, изнесува 4,5 километри. Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли – непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта.

Трката во друмски велосипедизам, планински велосипедизам и e-bike ќе започне во 9:45 ч. пред Музеј на град Скопје (Стара железничка), а времето ќе се мери од летечкиот старт од ОУ „Кочо Рацин“. Сите друмски велосипедисти ја возат патеката до врвот на Водно долга 11,4 километри, додека патеката за планински велосипедизам и за e-bike ќе биде означена со патокази и маркација и е долга 9 км. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.

Компаниската тим-билдинг трка, SUMMIT RUN, ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката изнесува 4,5 километри и секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта). Секој тим е составен од најмалку 4 учесници и треба да има барем едно лице од спротивен пол. Бројот на членови на еден тим е неограничен. Најдобрите 4 времиња, од кои барем едно од учесник од спротивен пол, е времето на тимот. Секој член на тимот, со своето индивидуално време се натпреварува и во трката за планинско трчање.

Шпаркасе Банка, како главен поддржувач на настанот, ќе обезбеди парични награди за натпреварувачите што ќе успеат да урнат рекорд, ќе има свој „лаунџ корнер“ со вкусни енергетски бомбици и свежо цедени сокови, како и награди за посетителите. Настанот ќе се заокружи со прогласување на најбрзите учесници и музичка забава на врвот.

Поради големиот интерес, рокот за пријавување на „Sparkasse Life Прв до врв“ е продолжен до 15 мај 2024 г., а сите пријавени учесници ќе можат да ги преземат своите стартни пакети на штандот на „Sparkasse Life Прв до врв“ лоциран во Скопје Сити Мол в четврток, 16.5.2024 г., и в петок, 17.5.2024 г., во периодот од 12 до 20 ч.

Побрзајте и пријавете се на www.prvdovrv.mk/prvdovrv 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg