Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Носечки клуб на македонската сениорска карате-репрезентација на претстојното Европско првенство е „Макпетрол“. Осум членови на скопскиот клуб ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај.

osum-karatisti-na-makpetrol-kje-uchestvuvaat-na-evropskiot-shampionat-vo-hrvatska-01_1.jpg

Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска. 

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.)

За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.  

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат.

Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година - изјави Бошко Заборски, тренер на „Макпетрол“. 

 Претседателот на КФРСМ, Дејан Чолески, ги посети репрезентативците во нивниот камп во Струга. На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg