Компанијата Даталаб одржа деловна PANTHEON Конференција на тема „Кога PANTHEON ќе се сретне со технологијата“
- Детали
- понеделник, 29 април 2024
Компанијата Даталаб на 25.04.2024 одржа уште една успешна деловна PANTHEON Конференција, во хотел Мериот - Скопје, на тема „Кога PANTHEON ќе се сретне со технологијата“.
Целта на конференцијата беше да понуди разновидна палета на нови решенија кои ќе ја придружуваат дигиталната трансформација кај компаниите во иднина. Најголемата новина на конференцијата беше дека PANTHEON е зајакнат со вештачка интелигенција. Новиот PANTHEON асистент наречен AION им овозможува на корисниците конкурентна предност преку персонализирани иновации и поддршка.
Истовремено се зборуваше и за сите новости во PANTHEON, колку е важна безбедноста на податоците, споделување на корисничко искуство кое го стекнал тимот на Даталаб изминативе години и како дигиталните алатки го олеснуваат секојдневното работење во компаниите.
Конференцијата ја отвори Елена Митева, модератор на настанот и Сашо Јовановски, Директор на Даталаб Македонија, каде кратко изјави „Пред нас е квалитативен скок во оптимизацијата на бизнисот со PANTHEON, каде ја внесовме вештачката интелигенција AION и сме многу среќни што можеме да ја обликуваме иднината.“
Потоа следуваа сите новости по модули во PANTHEON кои ни ги претстави тимот на искусни ЕРП консултанти од Даталаб МК, заедно со Андреј Мертељ, Директорот на групацијата Даталаб. Дел од учесниците беа и спонзорските предавања од страна на Македонски Телеком на тема „Телеком управувани ИКТ услуги “, компанијата ДДСофт се претстави со решението „MagnetiX - Интеграција на интернет продавници со PANTHEON ERP“, потоа следување предавање од два меѓународни спонзори TraceBS на тема „Ажуриран, точен и детален извор на податоци за AI“, како и SoftNet се претстави со темата „ Предизвици во обезбедување непречено функционирање на телекомуникациите“. Целиот настан на забавен начин го поврза познатиот македонски актер, шоумен, ТВ водител, комичар, пејач, текстописец и романсиер - Игор Џамбазов...
Благодарност до сите партнери и спонзори за одличната конференција, како и посветеноста на тимот на Даталаб.