Едноставни трикови за велигденско украсување на домот
- Детали
- петок, 26 април 2024
Кој е најубавиот дел од Велигден за вас? Дали можеби вкусните оброци и колачи, соодветните украси или семејните дружења? Или можеби целата таа посебна атмосфера?
Велигденското утро носи свежо чувство на нов почеток исполнето со топлина. Ако е вашиот дом модерно и пријатно место, тогаш нема потреба да вложувате многу труд за да го направите просторот да блесне со велигденски дух. Ќе биде едноставно да направите пролетно катче на среќа со неколку едноставни додатоци.
Започнете со освежување на дневната соба со цвеќиња, какви и да се тие. Лалињата, нарцисите, гранките од магнолија, жолтата форцизија или кое било овошно дрво кое сега цвета ќе го направат тоа, но не отфрлајте ги ни вештачките цвеќиња кои исто така можат да бидат ефектни. Но живите пролетни цвеќиња ќе додадат боја и природни ароми кои го оживуваат просторот. Изберете модерни вазни, по можност во ист стил, но со различна височина. Во нашата палета на COCO maison ќе најдете голем избор декорација во овој дух. Најдобро ќе биде да ги ставите на места каде што сите се собираат, како трпезариската маса, клупските столчиња или комодата и веднаш ќе привлечете внимание.
Покрај цвеќињата, јајцата се секако незаменлив дел од велигденскиот декор. Обидете се заедно да украсувате затоа што ова на многумина им е омилениот дел од Велигден, а доколку најмалите се вклучат во креативниот процес, ќе имате посебна забава. Обидетете се да испробате различни начини на украсување на јајцата, без разлика дали тоа е класично сликање со бои купени во продавница, темпери, водени бои, покривање со ткаенина или дури и уметнички техники како декупаж. Вистински, керамички, пластични... Јајцата со различни форми и големини ќе ја разубават вашата велигденска атмосфера, а и по некое зајче е добредојдено. Наредете ги во проѕирни вазни, корпи, украсни кутии, закачете ги на цветни гранки, додајте ги при украсувањето на трпезариската маса и изложете ги на интересни странични маси или како дел од централната празнична декорација.
И осветлувањето може да донесе многу промени. Нежното светло на свеќите, вграденото ЛЕД осветлување, подните и столни ламби можат да донесат топла, пријатна светлина што ја подобрува атмосферата и го прави просторот поинтимен. Погледнете ја нашата палета на уреди за осветлување, особено оние со нијанси направени од природни материјали како што се Етел, Палм или Луис, кои особено добро се вклопуваат во нежната велигденска атмосфера. Можете да користите и свеќи со мирис на пролетни цвеќиња за дополнително да го нагласите сезонското расположение.
Важно е вашите празнични декоративни елементи да се вклопат во стилот на вашата внатрешна декорација. Велигденските украси не треба да се ограничуваат само на традиционалните симболи. Вклучете предмети што ги одразуваат вашите лични интереси или хоби како наредени книги со што ќе му дадете на вашиот простор уникатен шмек.
Подготовката на домот за Велигден е можност да се изрази креативноста и да се помине време заедно со семејството. На кој начин и да одлучите да ја внесете велигденската атмосфера во вашиот дом, на крајот е важно е да се чувствувате удобно и опуштено и да уживате во вашиот животен простор. Дозволете вашиот дом да зрачи со пролетна свежина и топлина, што ќе направи од овој Велигден посебен спомен.
Во салоните на Прима, најдете мебел и украси кои ќе внесат свежа енергија во вашиот дом. Инспирацијата за украсување на вашиот дом можете да ја најдете на веб-страницата на Прима, во најновиот флаер и на официјалните профили на Прима на Фејсбук и Инстаграм.