Спасеновски од „Макпетрол“ меѓу осумте најдобри на светската карате-лига во Каиро

Членот на скопски „Макпетрол“, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел.

spasenovski-od-makpetrol-megju-osumte-najdobri-na-svetskata-karate-liga-vo-kairo-01.jpg

Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се вброи меѓу осумте најдобри во светот. Заедно со Петар Заборски, како најдобри каратисти на Македонија, тие потврдија дека се во добра форма пред Европското сениорско првенство кое треба да се одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

Петар Спасеновски се натпреваруваше во категоријата под 84 килограми, а ова се неговите резултати против: Данијар Јулдашев (Казахстан) 9-6, Константин Цимбал (Украина) 4-1, Енес Гарибовиќ (Хрватска) 5-1, Валери Соникин (Украина) 1-4

spasenovski-od-makpetrol-megju-osumte-najdobri-na-svetskata-karate-liga-vo-kairo-02.jpg

Петар Заборски се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми и ги оствари следните резултати против: Мухамед Абудабус (Либија) 2-1, Енцо Бертон (Франција) 0-2, Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3.

Заборски и Спасеновски беа единствени учесници од Македонија на турнирот во Египет. Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов за учество.

spasenovski-od-makpetrol-megju-osumte-najdobri-na-svetskata-karate-liga-vo-kairo-03.jpg

Светската 1 Премиер карате лига е натпревар со највисок ранг на ВКФ, на којшто е најсилна конкуренцијата на спортисти. За претстојниот турнир во Каиро се пријавени вкупно 374 елитни учесници од 58 држави.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg