Скала и Пиксел го објавија отворањето на новата академија за дигитален маркетинг

skala i piksel go objavija otvoranjeto na novata akademija za digitalen marketing 01

Ентузијастите за дигитален маркетинг отсега имаат нова можност за квалитетна теоретска и практична едукација благодарение на партнерскиот проект на водечката Школа за дизајн и технологија, Скала и компанијата лидер во областа на дигиталниот маркетинг во Македонија, Пиксел.

Новата академија за дигитален маркетинг ќе им овозможи на студентите да научат како да креираат и имплементираат ефективни стратегии за дигитално промовирање на брендови, продукти и услуги. Наставниот план ќе ги опфати сите аспекти на дигиталниот маркетинг, како што се: SEO, SEM, SMM, е-маил маркетинг, контент маркетинг, аналитика и мерење, како и многу други клучни вештини за сеопфатно совладување на предизвиците што ги носи професијата. Студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти со клиентите на Пиксел, како и да добијат менторство и совети од искусни предавачи од компанијата.

skala-i-piksel-go-objavija-otvoranjeto-na-novata-akademija-za-digitalen-marketing-02.jpg

Академијата ќе трае 6 месеци, од кои 3 месеци се предвидени за теоретска настава и 3 месеци за практична работа. По успешно завршување на академијата, слушателите ќе добијат сертификат за дигитален маркетер, како и можности за вработување во Пиксел или други агенции коишто се занимаваат со дигитален маркетинг.

Димитар Јовевски, партнер и директор за бизнис развој во Пиксел, во оваа прилика изјави: „Ние сме многу возбудени за овој проект бидејќи веруваме дека дигиталниот маркетинг е една од клучните вештини за современиот бизнис. Со оваа академија сакаме да ги споделиме нашите знаења и искуства со новата генерација на дигитални маркетери, кои ќе можат да придонесат во остварувањето на визијата на многу компании кои се стремат кон раст и поголема конкурентност на глобалните пазари.“

skala-i-piksel-go-objavija-otvoranjeto-na-novata-akademija-za-digitalen-marketing-03.jpg

„Утрово поминав низ скопската улица Максим Горки, покрај популарната алеа од јапонски црешки кои за кратко ќе ја обојат улицата со нејзиниот препознатлив розов цвет. Но, плодот од тој цвет никогаш нема да имаме можност да го вкусиме. Сепак, тоа е само калемена естетска корекција на остатоците од дрвени столбови.

Ако продолжам во ботаничка метафора, калемењето на Скала и Пиксел не е само естетска корекција, туку суштинска врска за сочен и вкусен плод. Постигнавме клучни заклучоци коишто ќе ги примениме токму во оваа академска програма. Одиме Скала по скала, со знаење, искуство и синергија. На здравје“, вели Дејан Џолев, основач и извршен директор на Скала Академија."

skala-i-piksel-go-objavija-otvoranjeto-na-novata-akademija-za-digitalen-marketing-04.jpg

Скала (поранешно „Џолев и уметностите“) веќе 12 години функционира како Школа за дизајн и технологија, фокусирана на развој и спроведување прогресивни образовни програми и практики во креативните индустрии. Со посветеност кон иновација, ги интегрираат новите дигитални технологии и методи во образовниот процес, создавајќи искуства кои ги подготвуваат студентите за предизвиците на современото општество.

skala-i-piksel-go-objavija-otvoranjeto-na-novata-akademija-za-digitalen-marketing-05.jpg

Пиксел во 2023 година одбележа 10 години од своето основање како дигитална маркетинг агенција чиишто креативни решенија континуирано го привлекуваат вниманието на локалната и регионалната публика, како и на маркетинг професионалците коишто се приклучуваат на нивниот тим. По цврстото позиционирање како доверлив партнер за стратешки, креативни и консалтинг решенија за потребите на компаниите од најразлични индустрии, Пиксел денес е full-service компанија која во широкото портфолио на услуги вклучува и дигитален и традиционален маркетинг.

skala-i-piksel-go-objavija-otvoranjeto-na-novata-akademija-za-digitalen-marketing-06.jpg

За повеќе информации и пријавување за Академијата за дигитален маркетинг, посетете ја веб-страницата skala.edu.mk/akademija-za-digitalen-marketing/ или контактирајте гo тимот на Скала на телефонскиот број 076 266 740 или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg