Саат кулите во македонските градови – инспирација за креирање на уметничка динамична типографија | 31 буква | кириличен фонт ВРЕМЕ

Во време на дигитализација, сленгови, латиница во секоја пора од живеењето не сме свесни дека ја запуштаме Кирилицата а паралелно на тоа, ја запуштаме нашата државност, култура и идентитет.

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-06.png

Кирилицата треба внимателно да ја чуваме, да ја модернизираме и да ја користиме. Секоја буква има историја и чувства, секоја буква е наше културно богатство.  

Инспирирана од саат кулите во македонските градови, дизајнерката Ангела Христовска, креира уметничка динамична типографија (31 кирилична буква). На дизајнот претходеше анализа на темата односно истражување за постоењето на саат кулите, нивната функционалност, традиција и приказна која ја носат со себе.

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-01.jpg

Секоја буква го има во себе кругот како симбол на часовниците, времето, традицијата и културното наследство на македонските градови. Ова писмо го нарече ВРЕМЕ.

Како што се продлабочуваа приказните за саат кулите, се градеа логотипите за некои од македонските градови кои во срцето на својот метеж го чувствуваат отчукувањето на традицијата и историјата. Со користење на буквите од писмото „Време“ се развија логотипи за градовите Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и Велес. Кружните типографски елементи се застапени во секоја буква од овој уметнички динамичен фонт, а композицијата со логотип на градовите пак е инспирирана од механизмот што го движи инструментот за покажување на времето. Механизмот е асоцијација на животот.

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-02.jpg

Овие логотипи се потсетување за „градовите“ да се грижат за своето културно наследство а за граѓаните да ги раскажуваат своите приказни, бидејќи само така можеме да ја градиме меморијата на времето кое миналo, само така можеме да ставиме ред во комплексниот универзум.

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-03.jpg

Логотипите и буквите имаат цел да дадат дополнителна промоција на македонските градови и знаменитости преку употреба на кирилични фонтови и типографски елементи и да потсетат на важоста на културното наследство споменувајќи ги градбите на саат кулите како иницијална точка за будење на свеста за зачувување и негување на кирилицата и културносто наследство. 

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-04.jpg

Логотипите и буквите ги ставаме на располагање на градовите (Локалните самоуправи) и граѓаните кои можат бесплатно да ги користат.

saat-kulite-vo-makedonskite-gradovi-inspiracija-za-kreiranje-na-umetnicka-dinamicna-topografija-31-bukva-kirilicen-font-vreme-05.jpg

Проектот Урбана Кирилица го имплементира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола и се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg