Опуштена атмосфера и разговори за успешни проекти на „Појадокот со медиуми“ на Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка АД Скопје е лидер во зелено финансирање во земјава. Во услови на голема енергетска криза, Банката во соработка со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија обезбеди заем од 23 милиони евра (ШБС) за кредитирање локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП). Со овој потег, 30% од кредитната линија е насочена за инвестиции што ќе им помогнат на малите бизниси да ја подобрат енергетската ефикасност, или да произведуваат и да се префрлат на обновлива енергија.
„Нашите најголеми зелени проекти, за чие финансирање Банката одвои 86 милиони евра, се:
Thor Impex за изградба на првата приватна ветерна електрана во Македонија Богословец,
Heliocentrum (Javor Group) за изградба на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија
Vardar Bio Process за изградба на електрани за производство на електрична енергија од биогас
MHE Topolki за изградба на четири мали хидроцентрали“.
Годинава Шпаркасе Банка започна проект со Министерството за образование и наука, за реализирање на правото на субвенциониран студентски оброк. Досега на првиот и на вториот повик на МОН, аплицираа повеќе од 21.000 студенти, а во академската 2023/2024 година се очекува наменската Visa кобрендирана картичка на Шпаркасе Банка и МОН за субвенциониран студентски оброк да ја добијат повеќе од 30.000 студенти.
„Visa кобреднираната картичка ќе можат да ја користат кај сите трговци што поседуваат ПОС-терминал, а се регистрирани под дејности како: ресторани за брза храна, ресторани, пекарници и маркети. Шпаркасе Банка, на сите студенти што аплицирале за користење субвенциониран студентски оброк, им овозможува користење бесплатен Vibe on пакет за млади, кој вклучува многубројни придобивки.
Со овој пакет е овозможено бесплатно отворање и одржување платежна сметка, бесплатно добивање и користење платежна картичка, бесплатно S-Banka мобилно банкарство преку кое може да се плаќа во движење, да се следи состојбата на сметката, да се подигнуваат средства од АТМ без провизија на сите АТМ-и на ниво во Групацијата, без разлика каде и да се наоѓа студентот“.
Енергетската криза предизвика голема нестабилност во енергетскиот сектор и цените на енергенсите, што, пак, наметна преземање соодветни мерки, со цел заштеда на енергенсите и на нивната потрошувачка. И оваа состојба Банката ја управуваше на високо ниво, при што се постигнаа поставените цели за заштеда на електрична енергија и оптимално управување со ресурсите.
Во своите заложби за одржливост на животната средина, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Од особено значење во 2022 година, се истакнува инвестицијата на фотоволтаични системи во централните згради на Шпаркасе Банка во Скопје и во Охрид, со цел сопствено производство на електрична енергија.
Kако општествено одговорна компанија и ориентирана кон користење зелена енергија, Банката во 2022 година воведе E-mobility и го реализираше проектот за набавка на две возила на електричен погон и постави два полначи за полнење на електричните возила со 100% зелена енергија, за потребите на своите клиенти. Банката инвестираше и во електрични тротинети како еколошко превозно средство за вработените, заради избегнување на градскиот метеж како и стимулирање на вработените за користење еколошки превоз, со цел редуцирање на емисијата на стакленички гасови во воздухот.
Исто така, преку воведување на дигитализацијата и отстранувањето на хартијата во деловното комуницирање, во 2023 година е остварено намалено користење на хартијата со заштеда за повеќе од 7% во вкупната потрошувачка на хартија, а со сопствено производство на електрична енергија е реализирана намалена емисија на CО2 за приближно 37.200 кг во 2023 година, заклучно со 15 септември.
Шпаркасе Банка АД Скопје и во 2023 година ја продолжи традицијата за поддршка на настани што го збогатуваат културното наследство и ја афирмираат уметноста. Во рамките на платформата „Sparkasse Life“ продолживме со корпоративната стратегија во насока на поддршка на настани и проекти значајни за македонската уметност и култура, со цел зајакнување на пeрцепцијата за Банката како институција со урбан имиџ, која покажува грижа за заедницата и негува културни вредности.
Во периодот од 2020 до 2023 година Банката поддржа 110 проекти во форма на спонзорства и донации, меѓу кои: фестивалот Охридско лето, Таксират, Д Фестивал, Фестивал на европски филм - Cinedays, Струмички карневал, ликовна колонија „Вевчански видувања“, спортската манифестација „Прв до врв“.
„Шпаркасе Банка АД Скопје реализира и значајни донации на „СОС Детско село“, со кои годинава ја одбележуваме 11-годишнината од заедничката соработка. Шпаркасе Банка АД Скопје поддржува и организации и многубројни високо образовни институции, кои имаат за цел унапредување на економскиот развој во доменот на економијата и бизнисот во Република Северна Македонија, како и развој на меѓународна соработка со споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот.
Во периодот што претстои Шпаркасе Банка АД Скопје ќе продолжи посветено да работи на своите идни перспективи, од кои најзначајна секако е стратегијата за одржливост. Бидејќи иднината на следните генерации зависи од нашите заложби денес. А ние веруваме во подобра иднина за сите“.