Опуштена атмосфера и разговори за успешни проекти на „Појадокот со медиуми“ на Шпаркасе Банка

Во пријатна атмосфера во rooftop ресторанот на хотелот „Hilton“, Шпаркасе Банка вчера (26.09) го организираше настанот „Појадок со медиуми“, неформално дружење меѓу претставниците на банката и новинарите. 

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-01_1.jpg

Одбележувањето 15 години успешно постоење на македонскиот пазар, Шпаркасе Банка го дополни со интересна и неформална активност - дружење на претставниците на банката со новинарите. Со кафе муабет, во опуштена атмосфера, првите луѓе на Шпаркасе Банка одговараа на новинарските прашања, даваа информации за постоечката работа, но и за идните планови на банката. 

Тие открија дека Шпаркасе Банка има 36 филијали и повеќе од 140.000 клиенти - овие бројки само ја зацврстуваат мисијата на Банката да продолжи да работи со уште позасилено темпо и да постигнува подобри резултати во иднина. 

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-02.jpg

„Шпаркасе Банка АД Скопје со својот тим експерти останува доследна на својата мисија и визија – да гради доверба и долгорочно партнерство, препознавајќи ги очекувањата и потребите на своите клиенти.

Наш приоритет се одговорно банкарство и стабилност, а иновацијата и агилноста се нашата движечка сила. За нашата визија да бидеме најдобар избор за нашите клиенти, да ги поддржуваме економијата и општеството и да креираме подобра иднина за сите, зборуваат фактите и постигнатите резултати.

Денес Шпаркасе Банка АД Скопје има 36 филијали и 140.000 активни клиенти. Во услови на тешка економска криза проследена со многу висока инфлација во изминатата година, Банката го продолжува финансирањето на економијата и на населението, и оствари раст на кредитната активност, додека истовремено водеше политика на управување ризици.

Во првата половина од оваа година можеме да се пофалиме со одлични резултати. Споредбено со првата половина на 2022 година, оваа година вкупната актива на Банката, за првите 6 месеци изнесува 86.852 милиони, односно забележан е 13% раст.

Остварен е раст на кредитното портфолио од 10%, при што кај сегментот на корпоративни клиенти годишниот раст изнесува 12%, додека портфолиото на физички лица порасна за 8%.

Особено сме горди што овој кредитен раст во неизвесно опкружување проследено со високи стапка на инфлација, е остварено со знајачно намалување на нефункционалните кредити за 23% споредено со јуни 2022 година, односно стапката на нефункционални кредити од 3,6% минатата година е намалена на 2,5% оваа година.

На страна на депозитното портфолио бележиме раст од 17%, при што растот кај корпоративните клиенти изнесува 21%, кај физичките лица 14%, додека во сегментот на финансиски институции бележиме раст од 20%. Сето ова придонесе банката во првите шест месеци да оствари позитивен финансиски резултат од 939 мил.мкд кој е повисок од минатата година.

Шпаркасе Банка АД Скопје како досега така и понатаму ќе продолжи да нуди квалитетни и атрактивни понуди на производи и услуги, креирани според потребите на своите клиенти, и да обезбедува најдобри услови и конкурентни каматни стапки за своите продукти на пазарот,“ велат од Шпаркасе Банка.

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-05.jpg

Во изминатата година Банката активно продолжи да ги поддржува своите корпоративни клиенти во нивните инвестиции и имаше зголемена активност во делот на проектните финансирања, главно во делот на зелената енергија, каде што по интеграцијата со Охридска Банка во 2021 година е апсолутен пазарен лидер со пазарно учество од 36%, обезбедувајќи го овој вид финансирање повеќе од 12 години.

„Во сегментот на физички лица постојано работевме на унапредување на нашата понуда при што бевме прва и единствена банка која воведе фиксни каматни стапки на 10 години на станбените и потрошувачките кредити. Сето тоа беше првенствено во насока да обезбедиме одредена стабилност и да ја намалиме неизвесноста која клиентите ја почуствуваа поради зголемувањето на референтните каматни стапки.

Сето ова, проследено и со постојаното унапредување и поедноставување на нашите процеси, ни овозможи да забележиме пораст на кредитното портфолио кај станбените кредити од 11% и 10% кај потрошувачкикте кредити.

Шпаркасе Банка АД Скопје го продолжи континуитетот на позитивни резултати и во активностите поврзани со финансиските пазари и понатаму ја зајакна својата пазарна позиција. Воедно, Банката прудентно управуваше со својата денарска и девизна ликвидност, имајќи ги предвид регулаторните барања и потребите на клиентите.

Во делот на тргувањето со девизи, Банката го зголеми прометот за 8,77% и го подобри своето пазарно учество за 1,47%, кое сега изнесува 18%.

Имајќи ги предвид услугите со хартии од вредност, во сегментот на тргување на меѓународните пазари на капитал, Банката ја има повторно лидерската позиција во Земјата остварувајќи пазарно учество од околу 50%. Шпаркасе Банка АД Скопје е и понатаму банка чувар на најголемиот фонд во земјата – КБ Прв пензиски фонд, со актива од повеќе од 900 милиони евра“, велат.

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-06.jpg

Од своето постоење Банката постојано работи на реализација на своите планови и идни перспективи: да биде сигурен избор за своите клиенти, атрактивно место за работа за своите вработени, да придонесува за одржливо општество, да биде водечки играч на пазарот и да биде дигитална иновативна банка, која има врвен однос со клиентите. 

„Една од перспективите на кои се посветивме во изминатиот период и продолжуваме да ја развиваме е дигитализација на начинот на работа и дигитализација на услугите за клиентите. Имајќи ги предвид потребите и очекувањата на клиентите, покрај оптимизација на процесите во 2022 година се имплементираше и проектот за воведување дигитален потпис, со што Банката стана една од првите банки на пазарот што го понуди ова корисничко искуство.

Уште од своето основање Шпаркасе Банка АД Скопје се позиционира како општествено одговорна компанија што се залага за одржливост како принцип на живеење и позитивен развој на нашиот регион. Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност – „Sparkasse Life“, Банката и во 2022 година ги продолжи активностите за проширување и развој на областите што се опфатени со неа: културата и уметноста, здравството, спортот, финансиската едукација и заедницата во која припаѓаме.

Со своите заложби и активности што ги остваруваме преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка АД Скопје е во процес на трансформација во комплетно одржлива банка. Една од нашите најважни идни перспективи е да бидеме одржлива банка што одговара на потребите на денешницата, без притоа да ја компромитира иднината и потребите на следните генерации.

Нашата стратегија за одржливост е изработена во согласност со групациските стандарди и најдобрите практики и е заснована на Агендата за одржлив развој за 2030 година, донесена од сите земји членки на Обединетите нации во 2015 година, која вклучува 17 цели за одржлив развој (SDGs), кои се итен повик за акција од сите земји – развиени и во развој – во глобално партнерство“, додаваат од Шпаркасе Банка.

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-07.jpg

Ние сме банка што постојано инвестира во своите вработени, во зголемување на нивните вештини и знаења, во насока на нивна лична професионална развојна кариера, како и во насока на континуирано градење доверба кај клиентите и нивно задоволство од услугите и од производите на Шпаркасе Банка.

Воедно, вложуваме во унапредување на вештините на нашите вработени да креираат финансиско здравје, а преку разни активности го поддржуваме и развојот на нивниот спортски дух и ги поттикнуваме да создаваат здрави навики и да водат здрав живот. Во рамките на нашиот нов мултифункционален тренинг-центар постојано вложуваме во нивна едукација и тренинг, спроведуваме менторски програми и работилници за обучување и за ориентирање на нововработени.

Имаме 672 вработени, за кои се залагаме за еднакви можности за кариера, за што говори и застапеноста од 56% жени на менаџерски позиции и 73% вработени жени во Банката. Ја почитуваме различноста и го применуваме принципот на инклузија при вработувањето. Банката е горда на своите вработени, кои со својата посветеност и ангажман ги отсликуваат нејзините пет корпоративни вредности: извонредност, доверба, страст, партнерство и агилност.

opushtena-atmosfera-i-razgovori-za-uspeshni-proekti-na-pojadokot-so-mediumi-na-shparkase-banka-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg