Од продажбата на Вегета се опреми училишната кујна на средното угостителско училиште "Лазар Танев" во Скопје

Заврши акцијата на компанијата Подравка и брендот Вегета насловена како „Донираме и училишни кујни реновираме“за чие времетраење од продажбата на секоја Вегета оригинал во сино пакување беа одвоени по 5 денари.

od-prodazbata-na-vegeta-se-opremi-ucilisnata-kujna-na-srednoto-ugostitelsko-uciliste-lazar-tanev-vo-skopje-01.jpg

Денеска и официјално кујнските апарати кои беа купени од собраните средства од страна на Подравка и граѓаните кои учествуваа во донаторската акција беа предадени во средното угостителско училиште СУГС „Лазар Танев“, Скопје.

„Брендот Вегета ги носи најдобрите вкусови на нашите трпези повеќе од шеесет години. Природен чекор е да се придонесе во процесот на школување учениците со висококвалитетна опрема за подготовка на храна. Учениците имаат целосно право на современи услови на школување и убави училишни спомени, а на нас, како на општествено одговорна компанија, ни останува да им го овозможиме тоа. Со задоволство му помогнавме на средното угостителско училиште „Лазар Танев“, Скопје да ги опремат кујните и трпезариите со кујнски апарати по сите светски стандарди, кои ќе им послужат на многу генерации професионални готвачи кои се школуваат во ова училиште “, изјави Ивица Саралиевски, генерален директор на Подравка Македонија.

Сличен тип на донаторски акции на брендот Вегета истовремено се спроведуваа во Македонија и во сите земји од Адриа регионот, а Подравка како општествено одговорна компанија, финансиски и со донации на производи ќе ја продолжи неколку децениската традиција и во иднина.

od-prodazbata-na-vegeta-se-opremi-ucilisnata-kujna-na-srednoto-ugostitelsko-uciliste-lazar-tanev-vo-skopje-02.jpg

od-prodazbata-na-vegeta-se-opremi-ucilisnata-kujna-na-srednoto-ugostitelsko-uciliste-lazar-tanev-vo-skopje-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg