Drive-in кината се враќаат на голема врата! Уживајте безбедно на A1 Drive-in Cinema од удобноста на вашиот автомобил

Културолошкиот феномен од 50-тите, се враќа на голема врата. Чувството да се гледа филм на големото платно од удобноста на својот автомобил е сосема различно и многу повозбудливо.

drive-in-kinata-se-vrakjaat-na-golema-vrata-uzhivajte-bezbedno-na-a1-drive-in-cinema-od-udobnosta-na-vashiot-avtomobil-1.jpg

А, токму во време на пандемија, кога социјалното дистанцирање стана неминовна практика, а истовремено се соочуваме со предизвикот како да ги споиме безбедноста и уживањето, се чини дека Drive-in кината навистина доживеаја „камбек“ во многу земји во светот.

Популарноста на Drive-in кината низ историјата е неспорна. Првото Drive-in кино е отворено во 1933 година во Њу Џерси, но дури во 50-тите години станува доста популарно. Тогаш почнуваат масовно да отвораат вакви кина пред сѐ во Америка, но и ширум светот, и почнуваат да стекнуваат и уживаат голема популарност сè до појавата на видео касетите во 70-тите години на минатиот век.

drive-in-kinata-se-vrakjaat-na-golema-vrata-uzhivajte-bezbedno-na-a1-drive-in-cinema-od-udobnosta-na-vashiot-avtomobil-02.jpgФото: depositphotos

Нивната популарност е прикажана во многу филмови, но повеќето ја имаат запаметено преку култниот филм „Брилијантин“ (Grease, 1958), каде Дени и Сенди го имаат својот состанок.

drive-in-kinata-se-vrakjaat-na-golema-vrata-uzhivajte-bezbedno-na-a1-drive-in-cinema-od-udobnosta-na-vashiot-avtomobil-03.jpg

Но, со текот на времето, атрактивноста на Drive-in кината опаѓа, па така од илјадници остануваат само неколку стотици во светот кои сè уште функционираат и се посетуваат.

Сепак, уживањето во омилениот филм во приватноста и удобноста на автомобилот е навистина несекојдневно. Буди носталгија, дава уникатно доживување, чувство на романтика, но и поголема безбедност. Drive-in киното е своевидна приватна кино сала само за вас која гарантира незаборавно искуство, па многумина можеби и се прашуваат зошто и досега Drive-in кината не се вратија на голема врата.

drive-in-kinata-se-vrakjaat-na-golema-vrata-uzhivajte-bezbedno-na-a1-drive-in-cinema-od-udobnosta-na-vashiot-avtomobil-04.jpgФото: depositphotos

Всушност, како резултат на затворањето на кино салите, Drive-in киното повторно се актуелизираше токму во периодот на пандемијата со КОВИД-19, и тоа не само во поразвиените земји, туку и во нашиот регион. Америка, повеќе европски земји, но и Хрватска, Србија, Бугарија се само неколку примери каде изминативе месеци се организираа Drive-in кина.

Македонија не е исклучок. Компанијата А1 Македонија како и секогаш се труди да ви овозможи подобар пристап и оригинално доживување до вашите омилени содржини, а овој пат тоа го направи токму преку настанот A1 Drive-in Cinema на паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски), кој ќе ви го даде она несекојдневно „ретро“ чувство, но и ќе ви го доближи филмското искуство на безбеден начин.

drive-in-kinata-se-vrakjaat-na-golema-vrata-uzhivajte-bezbedno-na-a1-drive-in-cinema-od-udobnosta-na-vashiot-avtomobil-05.jpg

Секако, следејќи ги протоколите за максимална безбедност и заштита и превенција од КОВИД-19, сега можете целосно слободно да се препуштите на искуството, почнувајќи од утре, 29 септември, со проекција на четирикратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), кој ги понесе оскарите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Затоа запалете ги автомобилите, подгответе ги пуканките, спуштете ги седиштата и уживајте!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg