Хедонист на годината во Македонија е Габриел Стибел - За прв пат оваа награда ќе се најде на овогодинешниот избор на Мажи на годината 2019

Оваа година изборот на Мажи на годината ќе се одржи во Double Tree by Hilton Skopje на 27.11.2019 (Среда).

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-00.jpg

На овогодинешното издание на Мажи на годината покрај досегашните 10 награди ќе има и три нови награди Менаџер на годината до 40 години, Маж на годината во избор на организаторите, како и Хедонист на годината.

Оваа награда Хедонист на годината е симбол на мажите кои знаат да уживаат во добра храна, добар лајфстајл, добра пура, вино, љубители се на фини нешта. Токму затоа оваа награда оваа година ќе ја доделиме на Габриел Стибел, кој е навистина репрезент на хедонизмот. Автор и водител на емисијата Гарден Клуб Градини која се емитува на ТВ Телма веке 9 сезона, сопственик на компанија која изработува фонтани и уредува градини, меѓународен кинолошки судија, колекционер на часовници, и пасиониран уживател и колекционер на пури кој е и организатор на Пура Култура.

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-01.jpg

Човекот има стил и негува начин на живот што со сигурност го става во категоријата Хедонист на самиот пиедестал. Според него оваа награда претставува вистинско изненадување и е горд што успеал да влијае на промоција на квалитетни и убави нешта.

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-02.jpg

"Среќен сум и навистина изненаден што организаторите на овој Friday.mk ме одбраа токму мене за оваа награда. Искрено едвај чекам на 27 ноември да ја подигнам пред целата публика. Хедонизмот е цела филозофија, многу луѓе не ја разбираат суштината на хедонизмот па некои од нив мислат дека хедонизмот е порок па дури дека е и негативна појава. Хедонизмот честопати е поврзан со луксуз, што не мора да значи дека е така, хедонизмот е состојба на духот, можеш да станеш рано наутро и да уживаш во изгрејсонце пиејќи кафе радувајки се на новиот ден, и тоа е хедонизам. Хедонист си ако знаеш да уживаш во убавите нешта без да пречиш на некого и притоа поради тоа никој да не страда поради твоето уживање. Затоа уште една големо благодарам до организаторите што ја препознаа во мене оваа награда која за прв пат ќе се додели на изборот на Мажи на годината 2019" - изјави Габриел Стибел, добитник на наградата Хедонист на годината.

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-03.jpg

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-04.jpg

hedonist-na-godinata-vo-makedonija-e-gabriel-stibel-za-prv-pat-ovaa-nagrada-kje-se-najde-na-ovogodineshniot-izbor-na-mazhi-na-godinata-05.jpg

Оваа година како  новитет е и уште една работа а тоа е дека овој настан за прв пат ќе биде снимен од страна на ТВ 24 кои ги имаат правата за целосно емитување на настанот. Покрај наградата Хедонист на годината оваа година ќе бираат и уште Маж на годината според социјални медиуми, Маж странец на годината, Менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж менаџер на годината до 40 години, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најголем придонес во културата, Маж со трајни вредности, Маж со стил, Маж на годината според организаторите и главната категорија Маж на годината за 2019

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg