Најважните лекции не се учат в училница - На AllWeb студентите имаат можност да слушнат студии на случај од пракса
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2019
Учењето од пракса, размената на мислење и поврзувањето со лидерите во соодветната област се лекции кои студентите не можат да ги научат во училница. Водени од ова, организаторите на AllWeb, единствената конференција за дигитални комуникации кај нас, и оваа година ги отворија вратите за студентите. Со влезница по значително пониска цена, која може да се купи само онлајн, студентите кои изучуваат маркетинг и комуникации можат да бидат рамо до рамо со експерти од областа, бизнис лидери и практичари, на 15 ноември во Македонска филхармонија.
„Една од водечките идеи на AllWeb е да инвестира во знаењето на поединци кои се занимаваат со дигитални комуникации “- вели Славица Биљарска, ко- организатор на конференцијата. „Свесни дека инспирацијата и мотивацијата кај студентите се клучот за постигнување успех, им нудиме можност да го надградат своето теоретско знаење, но и да се инспирираат и мотивираат од презентациите на говорници од Европа и пошироко “, додава Биљарска.
Форматот на конференцијата е комбинација на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење. Годинава повеќе простор ќе биде оставен за отворена дискусија со публиката, како би можеле присутните да добијат одговор на прашања кои им се од интерес. Во улога на говорници ќе се појават Маја Јованчевиќ- SEO експерт и тим лидер во Gaming Innovation, Даниеле Фиандака- ко-сопственик во Утопија, Алекс Баркер- од Be More Pirate, Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle и др.
Организаторите очекуваат присуство на околу 300 учесници, претставници на високите одлучувачки структури во различни компании, маркетинг и професионалци за односи со јавноста, претприемачи. Повеќе информации за содржината на конференцијата, говорниците и за билетите, се достапни на allweb.mk.