Во четврток почнува „Вино фест“ пред Веро центар
- Детали
- вторник, 17 септември 2019
Специјално селектирани вина и различни деликатеси, зачинети со музиката на реномирани домашни изведувачи, ќе бидат во фокусот на годинешното издание на „Вино фест 2019“ што од 19 до 21 септември (од четврток до сабота) ќе се одржува на отворениот паркинг пред Веро центар во Скопје.
Настанот „Вино фест“, кој традиционално го организира компанијата „Веропулос“ веќе неколку години по ред, има примарна цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата. Во исто време, на посетителите им овозможува да уживаат во врвни вина, гурмански задоволства од домашни и странски производители и квалитетна домашна музика.
Годинешниот „Вино фест“ ќе почне во четврток (19 септември) со диџеј сет на познатиот Драган Б. Костиќ од 19 часот, по што ќе следат настапите на фолк пејачот Миле Кузмановски и на популарниот Игор Џамбазов. Втората вечер ќе ја отвори диџеј Guardian, а по него ќе настапат битолската група „Фолтин“ и миленикот на публиката Владо Јаневски. Последната, саботна вечер на „Вино фест“ е резервирана за сет на диџеј Боби, како и за настапите на фолк ѕвездата Наум Петрески и „Амадеус бенд“.
Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи тридневно уживање во вината на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Далвина“, „Пивка“ и „Вардарска долина“, како и во пијалоците на Прилепска пиварница, а ќе понуди и гастрономско уживање во најразлични гурмански деликатеси обезбедени од „ЛЛ кетеринг“, „Златиборац“, „Лоренцо“, „Президент“, „Књаз Милош“, „Аква вива“ и апетисани „Џамбо“.
Музичката програма на „Вино фест 2019“ во четврток ќе почне во 19 часот и ќе трае до полноќ. Во петок и во сабота ќе почне во 20 часот и ќе трае до 1 часот наутро.