Адреналински активности и бројни натпревари на петтото издание на HFWE!

На 21ви и 22ри септември на терените Работнички не очекува петтото издание на најголемиот настан за здрав животен стил на нашите простори – Health, Fitness & Wellness Expo.

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-01.jpg

Овој дводневен настан, организиран од страна на Моментум Инк., ќе ги обедини сите спортисти, вљубеници во здраво живеење и професионалци во fitness & wellness индустријата.

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-02.jpg

Двата дена, програмата започнува од 11.00ч и трае сѐ до вечерните часови. Околу 40 учесници со публиката ќе ги споделат своите фитнес рутини, ќе нѐ едуцираат за здравјето на телото и умот, ќе ни пружат голем број промотивни понуди и преку своето знаење ќе ни го оплеменат духот. Во однос на активностите, катчињата и содржините на HFWE #5, доволно е да кажеме дека претходните четири изданија беа само загревање! ;)

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-03.jpg

За прв пат кај нас ќе можеме да научиме нешто повеќе за рагбито и директно да го искусиме овој енергичен спорт. Доза адреналин никогаш не е на одмет, па за да ги задоволат вашите желби долгогодишните спонзори на настанот, Sport Inn, со своите програми Slackline и Spinning ќе ни приредат незаборавно спортско искуство. Она што е важно е дека оваа година, настанот е посветен на најмалечките, па во склоп на настанот ќе постои посебен детски агол со мноооогу забавни игри спонзориран од Becutan Kids Vits. Во знак на ова, настанот е вело и еко-френдли, па организаторите порачуваат тој викенд да ја покажете љубовта кон планетата и на настанот да пристигнете со вашите велосипеди. 

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-04.jpg

Ќе ги разбудиме сетилата и умот со утринска јога, ќе се натпреваруваме турнири за Street Workout, ќе трошиме калории на БЕСПЛАТНИ динамични тренинзи, ќе научиме основи на кросфит, а ќе проследиме и возбудливи бокс, аикидо и карате мечови!

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-05.jpg

Настанот е отворен и целосно БЕСПЛАТЕН. На ОВОЈ ЛИНК погледнете ја целосната програма на настанот, а не заборавајте да ги заследите официјалните Facebook и  Instagram страници, како и официјалниот настан.

Се гледаме на HFWE #5!

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-06.jpg

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-07.jpg

adrenalinski-aktivnosti-i-brojni-natprevari-na-pettoto-izdanie-na-hfwe-08.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg