Telekom Electronic Beats пикник во парк за совршен крај на летото

Познатата европска програма за музика и животен стил Telekom Electronic Beats месецов повторно пристигнува во нашата земја, овојпат во форма на целодневен пикник кој ќе се одржи на 21 септември во Градскиот парк. Последниот викенд од летото ќе биде одбележан со целодневна забава со почеток од 11:00 часот.

telekom-electronic-beats-piknik-vo-park-za-sovrshen-kraj-na-letoto-01.jpg

Францускиот артист Llorca (Art of Music) ќе има свој сет на зајдисонце (почеток 18:00 часот), а музичката програма ќе биде збогатена и со сет на американскиот диџеј Jus-Ed (почеток 22:00 часот). Покрај овие двајца изведувачи, тука е и локалната поддршка составена од добро познатите имиња: Алек Солтиров, Роботек, Mileskaya, Скопски Грув Dj’s, Чваре и многу други.

Иако Telekom Electronic Beats почна како движење главно фокусирано на приближување на современата електронска музика до нејзините вистински љубители, со текот на годините еволуираше и прерасна во животен стил, кој опфаќа содржини од повеќе области, како технологија, мода, дизајн и уметност.

На настанот со свои уметнички рачни изработки ќе се претстават Ammar Kachar, Harteeya, Panooramixx и Embroidery Monday, дизајнерска облека ќе изложат креативците од [0.10] error of harmony, додека АмстерДама и Underground Shop ќе донесат винтиџ second hand облека. Како дел од програмата е предвидена и уметничка инсталација на ликовниот уметник Александар Зафировски, наречена „Connecting“, која ќе биде реализирана на самото езерце. Целодневната програма ќе биде заокружена со гледање на музички документарни филмови на Electronic Beats.

Секако, ниту еден пикник не смее да помине без вкусна храна, а исклучок нема да биде ниту Telekom Electronic Beats Picnic. Во Градскиот парк ќе има превкусна храна од Cosy bar, BKW, како и кујните на Fat Kitchen заедно со Fat Cacko.

Уште од 2017 година, македонската публика ја има можноста да биде дел од глобалното движење на Telekom Electronic Beats и да ужива во звуците на современата електронска музика, но и да биде во чекор со урбаниот европски животен стил. Скопје станува нова дестинација и своевиден дом на уникатни музички и животни приказни, благодарение на Македонски Телеком.

Повеќе на:

www.electronicbeats.mk

www.facebook.com/electronicbeats.mk

www.instagram.com/electronicbeats.mk/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg