„Мала Италија патува” по петти пат, под отворено небо

Уникатниот музички настан „Мала Италија патува” во кој главната улога ја има единствениот Павле Камилоски, по јубилеен 5-ти пат пред македонската публика ќе се одржи на 18.09.2019 година, среда, под отворено небо. Платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, е резервирано за публиката која ќе ужива во италијански, француски, латино и џез звуци.

mala-italija-patuva-po-petti-pat-pod-otvoreno-nebo-01.jpg

Павле Камилоски со својата прекрасна енергија и голема љубов кон специфичниот вид музика што ја изведува, на сите посетители уште еднаш ќе им пружи повеќечасовно уживање со својот богат репертоар кој содржи шансони, канцони и безвременски џез песни и секако, своите омилени песни без кои не поминува ниеден негов настап.

mala-italija-patuva-po-petti-pat-pod-otvoreno-nebo-02.jpg

Како изненадување за публиката, оваа година, Павле ќе ги изведе вечните евергрини во сопствен аранжман и во стил својствен за него, кој воедно стана препознатлив и за најпребирливите љубители на музиката.

mala-italija-patuva-po-petti-pat-pod-otvoreno-nebo-03.jpg

Инспирацијата која го води проектот „Мала Италија патува”, петта година по ред ќе се потруди да ни ги разубави последните летни ноќи со ритамот, заводливите ноти и несекојдневните звуци во скопскиот ветер, изведени од тим професионалци и врвни музичари со долгогодишно искуство.

mala-italija-patuva-po-petti-pat-pod-otvoreno-nebo-04.jpg

Како што бесмртниот Френк Синатра своевремено испеа: Го направив ова на свој начин... така „Мала Италија патува” со својот начин, под отворено небо, повторно ќе ги разигра сите сетила.

Билетите за настанот се достапни преку продажните мрежи на Mk tickets и karti.com.mk.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg