АКУД „Мирче Ацев “ го најавува 40. Меѓународен студентски фолклорен фестивал

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев го најавува 40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

akud-mirche-acev-go-najavuva-40-megjunaroden-studentski-folkloren-festival-001.jpg

Оваа година фестивалот ќе се одржи во периодот од 22ри август до 26ти август на две локации - ,,Плоштад Македонија" – Скопје и ,,Плоштад - Млечен ресторан" со почеток во 20:00 часот. Учество ќе земат повеќе земји меѓу кои Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

Секоја година на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал учествуваат од пет до дванаесет фолклорни ансамбли од странство како и повеќе домашни ансамбли од Скопје и другите градови од нашата земја. Како учесници на фестивалот се вклучени и ансамбли од етничките заедници кои живеат во Македонија. Како домаќин и организатор на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и редовен учесник е Ансамблот за народни ора и песни при АКУД ,,Мирче Ацев“.

Повеќе информации можете да погледнете на следниов линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg