"Celebrate Life" – изложба за себе - промена
- Детали
- среда, 15 мај 2019
Изложбата Celebrate Life / себе - промена на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 21 Мај 2019 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, локација: Парк на Франкофонијата со почеток во 18 часот.
Промена е збор што се користи да се опише преминот од исто во различно! Преку илустрација / текстуални пораки на блузи водена од Celebrate life концептот изложбата има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за себе промена и менување на своите навики кон поголем придонес кон животната средина.
Изложбата ќе биде отворена до 25 мај 2019 година.
„Celebrate Life – Себе промена е финансиски поддржана од Општината Центар, а логистички поддржана од Центарот за современи уметности”
Што е Celebrate Life?
Celebrate Life е создаден во 2011 година како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници веројатно во најтешките мигови на нашето општество. Покрај практичниот аспект, платформата има и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта.
- Луѓето престанаа да се смеат. Заборавија на животот и радоста. Агресија, гнев и омраза насекаде и не препознавање на средината доведе до стадиум на размислување во нова форма на уметничкиот израз. Впрочем бедата се пренасочи во продуктивност. Своевиден потсетник за луѓето што повеќе да се радуваат бидејќи навистина е бесцелно да се троши енергија и време на грди работи.
Celebrate Life е за моментите кога танцуваме и славиме убави нешта. Стилски различни, но оптимистични, концептот Celebrate Life имаше за цел од првата продукција на маици дел од средствата собрани од продажбата беа наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош.
Иако секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.