Виз Ер Скопски маратон изненадува со секој чекор – нови медали за штафетен маратон, прекрасни маици и бесплатни групни тренинзи
- Детали
- понеделник, 25 март 2019
Маици само за тие кои ќе се пријават на Виз Ер Скопскиот маратон до 31ви март
Скопје, (25.03.2019)
Низ годините Виз Ер Скопскиот маратон ги урива сите рекорди во поглед на својата организација. Од 1.249 во првата до преку 10.000 тркачи во последната година, од 22 до 58 земји учеснички од цел свет и безброј иновации и идеи сѐ со цел да се подобри искуството на секој кој ќе стапне на или до патеката.
За 15-то јубилејно издание тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, посочи дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт“ под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи кои ќе ги водат познати атлетичари Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева. Повеќе инфо за термините и сите други детали ќе има на официјалната веб страна и социјалните мрежи.
Сите заинтересирани што сакаат да добијат маица во стартниот пакет ќе мора да се пријават најдоцна до 31-ви март, после овој датум не следува маица во стартниот пакет. Истиот датум е краен рок и за оние што сакаат нивното име да им биде испишано на стартниот број.
Традиционално, како и минатите години, сите учесници ќе добијат 20 ЕУР вредносен ваучер од насловниот спонзор, Виз Ер.
Од Сојуз на спортови порачуваат дека изминатиот викенд патеката беше измерена од страна на стручно лице на ИААФ и АИМС со што Виз Ер Скопскиот маратон го обновува постоечкиот сертификат за точноста на патеката и истата ги исполнува сите стандарди за исполнување на норми за учество на Олимписки норми и Светски првенства.
Оваа година, Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во сабота, 4-ти мај 2019 година, и заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страна на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.