OneBeat доаѓа: Откријте ја турнејата OneBeat Balkans

За сите тие кои сè уште не знаат, OneBeat Balkans е програма за културна размена и за соработка на 15 музичари од регионот, односно од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија, како и од САД.  Музичарите соработуваат креирајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарна активности, организираат јавни работилници, а преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример да охрабрат подобар економски развој во овој регион. Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја низ Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска).

onebeat-doagja-otkrijte-ja-turnejata-onebeat-balkans-001.png

Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период, учесниците ги споделуваат своите различни размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музика ќе патуваат низ сите земји од регионот, имено Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска.

OneBeat доаѓа во Скопје на 17 февруари 2019 во Младинскиот културен центар со почеток од 20:00 часот. Во Кино Фросина заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска.

OneBeat, е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на  “Bang on a Can's Found Sound Nation” и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и Србија.

За да дознаете повеќе за музичарите на OneBeat Balkan, концертите и настаните што ќе се одржат во наредните денови, посетете ги страниците на социјалните медиуми на OneBeat Balkans, како што се Фејсбук и Instagram, каде што ќе бидат споделени сите најнови вести за програмата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg