Изложба на дела од работилницата "Емоции за еден град" – изложба за подобро утре

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate Life / Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 16ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

izlozba-na-dela-od-rabotilnicata-emocii-za-eden-grad-izlozba-za-podobro-utre-001.png

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.

Изложбата ќе биде поставена до 28 февруари 2019 година.

„Проектот Емоции за еден град е финансиран од Фондација Отворено општество - Македонија”

Што е Celebrate Life:

Celebrate Life е создаден во 2011 година од Горан Костовски - Индог како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници веројатно во најтешките мигови на нашето општество. Покрај практичниот аспект, платформата има и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. - Луѓето престанаа да се смеат. Заборавија на животот и радоста. Агресија, гнев и омраза насекаде и не препознавање на средината доведе до стадиум на размислување во нова форма на уметничкиот израз. Впрочем бедата се пренасочи во продуктивност. Своевиден потсетник за луѓето што повеќе да се радуваат бидејќи навистина е бесцелно да се троши енергија и време на грди работи. Celebrate Life е за моментите кога танцуваме и славиме убави нешта. Стилски различни, но оптимистични, концептот Celebrate Life имаше за цел од првата продукција на маици дел од средствата собрани од продажбата беа наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош. Иако секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg