Екипата на Telekom Electronic Beats ја прослави Новата година предвреме
- Детали
- понеделник, 31 декември 2018
На 29 декември се случи нешто сосема неочекувано. Новата година стигна порано во С.Р.Ц Кале. Спектакуларна магија разнесоа добриот звук и позитивната енергија на сите присутни.
Ѕвездата на вечерта беше Stephan Bodzin, легендарен германски диџеј кој потекнува од музичка фамилија и еден од највлијателните фигури на техно сцената.
Не изостанаа и локалните диџеи Flooder и Blednimore, кои навистина знаеа што прават. Квалитетен техно звук пропратен со ултра уникатен дизајн на светло не може да не ве помести од место. Сите присутни не престанаа да мрдаат.
Атмосферата се пренесе и после 00.30 кога на миксетата застана италијанското дуо Fideles. Mario Roberti и Daniele Aprile само ја покачија енергијата и ја продолжија традицијата на вечерта со квалитетен и мелодичен техно звук кој не те остава на раат. Насекаде насмеани лица кои уживаат во целокупната атмосфера.
Некаде околу 02.00 по полноќ со неверојатен влез миксетата ја презеде Stephan Bodzin кој својот настап го продолжи до раните утрински часови.
Настапот го одбележа една од најпознатите негови траки Strand која нема кој ја нема слушнато. Со добар ремикс на истата енергијата се качи на уште повисоко ниво. Се познаваше дека и тој ужива во тоа што го гледа.
На секои 30 секунди следуваше нов ритам што само те тера да продолжиш да се движиш.
За магијата да биде уште поголема, од нигде и никаде никнаа над 20-тина огромни бели балони кои ја поврзаа публиката уште повеќе. Неверојатна глетка и искуство. А, светлото си го направи своето. Од самата бина до ласерите кои како да го сечеа просторот на два дела, немаше нешто што не беше на своето место.
Екстра предновогодишно пакување од екипата на Telekom Electronic Beats, кое навистина делуваше како најлудата ноќ во годината.
Г. Д. | Црнобело