Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија!

Синоќа во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија, нашиот пијанист со интернационална слава, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт пред македонската публика.

koncert-za-pametenje-na-simon-trpceski-i-makedonska-filharmonija-01.JPG

Присутните уживаа во музиката на Шостакович и Гершвин во моќна изведба на Трпчески придружуван од Македонската филхармонија на чело со диригентот Борјан Цанев. Концертот донесе многу емоции, радост и вистинско воодушевување кое присутните не можеа да го скријат. Маестралниот пијанист и останатите уметници покажаа дека и класичната музика може да биде забавна, возбудлива и енергична.

koncert-za-pametenje-na-simon-trpceski-i-makedonska-filharmonija-02.JPG

Концертот го организираше Македонски Телеком, кој на уникатен начин го одбележа крајот на годината заедно со своите блиски соработници, партнери и пријатели. Имавме светски спектакл, нешто што ретко се доживува во Македонија. Перфекција, коментираа присутните. И самиот Трпчески истакна дека со вакви настани им се дава поттик на вистинските културни вредности.

koncert-za-pametenje-na-simon-trpceski-i-makedonska-filharmonija-03.JPG

koncert-za-pametenje-na-simon-trpceski-i-makedonska-filharmonija-04.jpg

koncert-za-pametenje-na-simon-trpceski-i-makedonska-filharmonija-05.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg