Божиновски часовници и накит симболично ја одбележа 45 годишнината од aлбумот The Dark Side of the Moon
- Детали
- четврток, 15 ноември 2018
Во експлозивна атмосфера и со прекрасна публика на синоќешниот концерт на Brit Floyd „Божиновски часовници и накит“ и накит ја одбележа 45 годишнината од албумот на Pink Floyd – The Dark Side of the Moon, албум којшто неприкосновено ја истражува природата на човечките искуства и претставува клучна инспирација во градењето и создавањето на познатиот македонски часовничарски бренд. Прекрасната изведба на познатиот трибјут бенд на Pink Floyd – Brit Floyd, компанијата ја овековечи со доделување на „Божиновски дијамант“ како круна на безвременската енергија која синоќа ја споделија со македонската публика.
„Преку доделувањето на ова симболично признание сакавме да ги уважиме и сите оние кои живеат со емоцијата споделена во музиката на Pink Floyd и сите оние кои секојдневно живеат за да го победат шаблонот и го предизвикуваат непознатото и апстрактното. Таа емоција како движење и порив е многу силно инкорпорирана во градењето и создавањето на „Божиновски часовници и накит“ и особено сме среќни што имавме можност симболично да го одбележиме 45 годишниот јубилеј од излегувањето на албумот The Dark Side of the Moon , во чија композиција Time најконцизно е опишана филозофијата на нашата компанија, односно нашата девиза „Победи го времето, живеј го моментот“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.
Тие потенцираат дека и понатаму ќе продолжат да ги слават и одликуваат сите секунди поминати со споделување на добра музика, квалитетни културни настани и убави моменти во нашата земја, бидејќи тоа е единствениот начин да ја пресретнеме секојдневната рутина и да си грабнеме по некоја секунда убави моменти за себе.
Photocredit © Stefan Rajhl