Една поинаква сабота, HR сабота
- Детали
- понеделник, 12 ноември 2018
На 24 ноември во хотел Парк и спа ќе се одржи настанот “HR сабота” во организација на центарот за бизнис образование Creative Hub. Ова е трет евент во организација на Creative Hub од овој вид, по “Македонски маркетинг” настан и “ПР Бар” , но прв во областа на човечки ресурси. На настанот ќе биде презентирана и програмата на Академијата за човечки ресурси на Creative Hub која ќе започне официјално во февруари 2019 година.
Настанот е бесплатен за сите оние кои се дел од “Клубот на Корпоративни обуки” на Creative Hub, а за сите кои би сакале да бидат дел од настанот можат да купат карти на https://shop.creativehub.mk/hr-sabota.
На настанот кој ќе започне во 10 часот наутро и ќе трае се до 13 часот ќе биде претставена и програмата на Корпоративниот Клуб на Creative Hub, како и на Академијата за човечки ресурси.
Покрај тоа ќе се обратат и голем број претставници од консултантски агенции кои работат во областа на човечките ресурси, но и докажани HR професионалци кои ќе говорат на тема: “Организациска структура и перформанс на вработени”, “Предизвиците на HR менаџерите во Македонија” , “Промени и перспективата на процесите за обука и развој на вработените”, “Continous Performance Management” итн. Дел од гостите кои се најавени се Стефан Јовановски, раководител на човечки ресурси во Вип, Сергеј Зафировски, основач на Инсајдер ИД, и многу други
Сите заинтересирани може да добијат повеќе информации за настанот на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..