Откриена листата на говорници на првиот ПР Бар
- Детали
- вторник, 09 октомври 2018
На 25 октомври во едно поинакво „after work” светло, ќе се одржи првиот ПР Бар, во организација на Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub.
Гостите ќе имаат можност да уживаат во тричасовна мини-конференција со две панел дискусии на темa “ПР и медиуми” и “Кризен ПР менаџмент”, како и обраќање на специјален гостин.
Пред две недели организаторите поставија загатка за тоа кој сé ќе се придружи на сцената на 25 октомври во Парк Хотел и Спа покрај веќе најавените гости.
„Денес, на огромно задоволство сакаме да објавиме дека на сцената ќе се придружат и Александар Манев ко-основач на Фактор портал, Борјан Јовановски, главен и одговорен уредник на порталот Нова ТВ и Елена Белевска, раководител на Сектор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.
Оваа симбиоза на говорници дополнително ќе го зголеми квалитетот на настанот поради фактот што имаме панелисти од различни сфери на ПР индустријата. Новинари, уредници на портали, претставници на водечки ПР агенции, но и гости од корпоративниот сектор како и од политичкиот сектор.
Досега не се случил ПР настан во Македонија кој собрал толку ПР професионалци на ист панел. ̋„ - истакна Аријана Коскарова, раководител на Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub и организатор на настанот.
Настанот е бесплатен за учесниците на Академијата за маркетинг и ПР на Creative Hub, а за сите кои сакаат да присуствуваат пуштени се и ограничен број карти кои можат да се купат на shop.creativehub.mk .