Мал број билети се останати за септемврискиот спектакл „Мала Италија патува 2“

mal-broj-bileti-se-ostanati-za-septemvriskiot-spektakl-mala-italija-patuva-2-01.JPG

Извонредните италијански песни во изведба на Павле Камилоски и оваа година ќе ја доловат италијанската музичка заводливост.

"Малата Италија" е настан кој традиционално ќе се одржи по четврти пат на 19 септември, во големата сала на Македонската опера и балет во 20.00 часот. Оваа година, во придружба на Павле Камилоски, на големата сцена ќе настапат балетски уметници, како и светски познатиот диригент, Христо Христов од Бугарија, а како специјален гостин ќе настапи реномирана македонска пејачка, што ќе биде изненадување за публиката.

Поради големиот интерес останати се уште мал број билети кои можат да се набават преку онлајн-мрежата на мктикетс или на продажните места.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg