Оваа среда се отвoра Социјален велосипедски центар „Педала“ во Скопје

ovaa-sreda-se-otvоra-socijalen-velosipedski-centar-pedala-vo-skopje-01.jpg

Во среда, 29 август во Скопје се отвара Социјален велосипедски центар „Педала“ со мисија да „шири насмевки, преку поттикнување повеќе луѓе да возат велосипед, да подава рака на лицата кои имаат потреба, и да создаде поубав град“. Социјалниот велосипедски центар се наоѓа на ул. Њуделхиска бр.4, кај Плато, внатре, меѓу зградите позади Веро Тафталиџе.

ovaa-sreda-se-otvоra-socijalen-velosipedski-centar-pedala-vo-skopje-02.jpg

Педала“ ќе овозможи на велосипедистите на Скопје пристап до професионални алати за поправање на велосипед; организација на работилници за одржување на велосипед, справување со проблеми со дупнати гуми, проблеми со брзини, проблеми со кочници, изработка на калници и ред други работилници со образовен, но пред се дружбен карактер. Во „Педала“ секогаш има искусни велосипедисти, волонтери, кои се спремни да дадат совет или помогнат со проблемите кои може еден велосипедист да се сретне.

ovaa-sreda-se-otvоra-socijalen-velosipedski-centar-pedala-vo-skopje-03.jpg

Иако „Педала“ сè уште не е официјално отворена, активности веќе се редат. „Покрај сервисно-дружбените активности во педала имаме и хуманитарни активности, па така веќе ни донираа два велосипеди кои треба да ги средиме и понатаму донираме на лица кои имаат потреба, а немаат можност да си купат велосипед“ вели Рантша Бојан еден од иницијаторите на „Педала“.

„Социјалниот велосипедски центар „Педала“ е предвидено да се финансира преку членарина, котизации за работилниците и преку донации кога луѓето ќе се послужат со нашите услуги.“ вели Александра Герчакова, духовен водич на Педала. Таа додава: „членарината ни е симболична од 1200 денари годишно, тоа се 100 денари месечно, за да се покријат трошоците на опстојување, а во духот на „Педала“ студенти и социјално загрозени лица имаат далеку пониски членарини, односно бесплатно членство.“ 

ovaa-sreda-se-otvоra-socijalen-velosipedski-centar-pedala-vo-skopje-04.jpg

На денот на отворањето на „Педала“ ќе се запознаете со доброволците на „Педала“ кои ќе бидат на располагање да си поразговарате околу состојбата на вашиот велосипед, односно да го погледнат во која состојба е, па може и нешто да ви помогнат. „Најважно од сé е дружбата со други точакољупци во „Педала“, која е присутна во попладневните часови, од 4 до 8 часот попладне, од понеделник до петок.“ вели Александар Савески, дежурен велосипедист во „Педала“, „а оваа среда ќе бидеме спремни сите волонтери да се дружиме со нашите велосипеди“.

Педала“ ве поттикнува, пред да дојдете на отварањето да се приклучите на возењето на Критична маса која тој ден, како и секоја последна среда во месецот, започнува од градскиот плоштад во Скопје од 5 и половина часот попладне, а ќе заврши пред „Педала“.

ovaa-sreda-se-otvоra-socijalen-velosipedski-centar-pedala-vo-skopje-05.jpg

Фото: ЦОИ

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg