Наместо од карпи, во пристаништето на Копенхаген се скокаше од кран за јаглен
- Детали
- петок, 24 август 2018
Во пресрет на петтиот натпревар од сезоната во светската серија Red Bull Cliff Diving, актуелниот светски првак Џонатан Паредес од Мексико, се нурна во водите од пристаништето на Копенхаген скокајќи од поранешен кран за јаглен.
Паредес имаше можност да ужива во панорамската глетка од поранешниот кран за јаглен, сега претворен во хотел со една соба, и го искористи за да го забележи своето прво нуркање на неколку дена пред натпреварувањето од светската серија во Копенхаген. Заедно со локалниот претставник Магнус Гардарсон, 29-годишниот Мексиканец скокна од врвот на кранот за да нурне со нозете на старото индустриско пристаниште покрај данската престолнина. Мексиканецот сега е подготвен за следното поглавје, во опасната битка за машката титула, односно за „Трофејот на Крал Кахекили“ во јубилејната десетта сезона на оваа светска серија.
Додека претендентите за титулата се враќаат во победничка форма како што напредува сезоната, најсеверната точна од целата сезона не само што нуди најпанорамска глетка на Копенхаген, туку гарантира и изедначена борба за клучните поени во борбата за титулата. Победникот од првата трка Крис Коланус (Полска) и моменталниот лидер на светската серија Стивен ЛоБуе (САД) ќе продолжат со одмерување на силите до победа, изведувајќи го маневарот на петкратно салто.
Бранителот на титулата Паредес со совршеното изведување на својата се побогатата листа од скокови се надева да го победи рекордерот Гери Хант. Брилијантниот Британец повторно е во одлична форма за изведување на тешките вртења, откако ја извојува впечатливата и многу потребна победа на претходниот натпревар, па сега целта му е да победи по третпат во Данска, на оваа седумдесетта станица од светската серија.
Платформата за скокови на овие 14 елитни спортисти е поставена на носечкиот покрив на зградата на операта во Копенхаген, на 27 метри од водата, со поглед на кралската палата Амалиенборг. Таа е дом на кралското семејство и набрзо по традиционалното менување на стражата точно напладне, илјадници навивачи, и на земјата и во водата, ќе ги чекаат фасцинантните акробатски слободни падови во највозбудливата битка за „Трофејот на Крал Кахекили“ во 2018 година.
ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО!
Директниот пренос ќе се емитува на 25 август со почеток во 14 часот и 45 минути на веб страната www.redbullcliffdiving.com, како и на Red Bull TV, Facebook & Youtube. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и другите уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv