Струмичани ќе дојдат тука на 7-ми јуни

Акцијата Feed Your Brain доаѓа во Струмица!

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-01.jpg

По одржани шест настани на шест различни локации низ Македонија, акцијата Feed Your Brain доаѓа во Домот на Културата Антон Панов, во Струмица на 7-ми јуни, од 19 часот. Како на сите настани досега, така и на финалниот, салата и публиката ќе се наполнат со мотивација и поттик за младите преку говорници кои успеале да креираат и одржат успешна кариера тука, во Македонија. На 7-ми јуни во Струмица ќе се дружиме со следните говорници:

- Зоран Витанов - потпретседател на Lyconet International, основач на ЦЕФЕ Македонија, претседател на Асоцијација на менаџери на Р.М., економист и познат мотивационен говорник помеѓу претприемачите;

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-02.png

- Игор Трајковски - креатор и основач на најголемиот македонски агрегаторот за вести Time.mk, претходно вработен во главното седиште на Google (Калифорнија) и во најголемиот центар на компанијата надвор од Америка, во Цирих, Швајцарија,

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-04.png

- Влатко Лозаноски - најпознат машки музички артист во Македонија, бројни хитови, проекти и албуми сместени во 10 годишна континуирана кариера, која започнува по појавување во македонско шоу за потрага по музички таленти. Добитник на многу музички награди во Македонија и во регионот;

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-05.png

Сите заинтересирани за настанот на 7-ми јуни во Струмица, може да се пријават на следниот линк:  https://goo.gl/forms/qEwNLLmhKgvdiHRn1

Модератор на натанот ќе биде Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција.

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-06.jpg

Целта на акцијата “Нахрани го својот ум” е преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат

Акцијата „Feed your brain“ е реализирана од маркетинг агенцијата “Еден на Еден” во рамките на иницијативата „Мрдни со прст”.

strumicani-ke-dojdat-tuka-na-7mi-juni-03.png

Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Повеќе информации за Мрдни со Прст се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страната.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg