Најголемиот предизвик на семејниот бизнис - lV конференција за семејни бизниси

На 19 јуни во организација на Clear View бизнис тренинг центар ќе се оддржи четвртата по ред конференција - „Најголемиот предизвик на семејниот бизнис

najgolemiot-predizvik-za-semejniot-biznis-4-konferencija-za-semejni-biznisi-001.jpg

„Семејните компании се темел на глобалната економија. Тие инвестираат на подолг рок и ја поддржуваат нивната заедница и вработени. Инспирирани од статистиката дека семејните компании  при преносот на сопствеништвото на вторaта генерација, за жал,  70%  пропаѓаат,  ја организираме оваа конфенеренција.  За таа цел,  носиме интернационални експерти на оваа тема кои ќе им помогнат на македонските бизнисмени и наследници да добијат одговор на голем дел од прашањата кои ги измачуваат, ќе пренесат регионални практики и ќе споредат како тоа се прави во овој регион  а како кај нас. Се надеваме дека отворањето на оваа тема ,која што е од поголем општествен интерест, ќе ги поттикне и другите релеватни фактори на општеството да обратат поголемо внимание на ова горливо прашање на македонската економија“ – изјавија организаторите.

Универзални одговори на овие чувствителни прашања нема, и едукацијата се спроведува на најдобриот достапен начин,  преку искуства на други кои веќе ја направиле оваа транзиција.

Оваа година, главните теми и дел од говорниците на конференцијата се:

  • Принципот е тој, разликата е во нијансите – Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис трасфер поминуваат стотици години - Мирела Алпеза - Хрватска
  • Вака или онака, ќе Ве наследат, нека биде под Ваши услови! – Како го пренесов водењето на Адижес Институтот на синот - Ичак Адижес - Адижес Институт, Санта Барбара
  • Големи беа чевлите на тато… морав брзо да пораснам – Моето искуство во превземањето на компанијата од татко ми, основачот - Аднан Мисимовиќ - БиХ
  • Пренос на наследство на втората генерација во пост-транзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси Борис Вукиќ – Адижес Southeast Europe
  • Панел дискусија – „Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис трансфер“

Импресиите од минатите три конференции се одлични:

  • Над 350 посетители, сопственици и наследници на семејни бизниси  
  • 29 панелисти на сцена, истакнати македонски бизнисмени кои ги споделија нивните искуства за процесот на трансфер на нивните бизниси

Корисни содржини на оваа тема може да најдете на блогот за конференцијата. На конференцијата како гости и оваа година ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси. Повеќе детали за конференцијата има на официјалниот сајт.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg