Во четврток започнува третото издание на Fashion & Lifestyle Expo

Уште само два дена до почетокот на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo.

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-01.jpg

Вратите на Македонската опера и балет ќе бидат отворени за сите посетители во четврток [22 .03]во 15 часот, кога настанот и официјално ќе започне, а влезот на истиот е бесплатен.

Програмата на сите три сцени – MAIN STAGE, CREATIVE HALL и BEAUTY BAR ќе се одвива со динамично темпо, а во галеријата [GALLERY] ќе можете да погледнете четири паралелни изложби.

Вечерната програма започнува во четврток [22ри март] од 20:00 часот, со најдобрите коктели од Skopje Cocktail Week, по што ќе следи концерт на музичарите од Трениг центарот ЕВА. Во 21 часот ќе можете да ја погледнете ревијата “Чувства”, за најновата колекција на JO.AN, а за атмосферата до крајот на вечерта ќе биде задолжен Dj Boogieman.

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-08.jpg

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-05.jpg

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-07.jpg

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-03.jpg

Во петок [23ти март], вечерниот дел ќе започне во 20:00 часот со дегустација на врвните вина од винаријата Тиквеш, по што ќе имаме прилика да не’ инспирира уметноста на Италија со Rivedil, модното шоу на ALSHAR за колекцијата Spring Breakers, а настанот ќе го заокружат урбаните звуци на Зоки Бејбе.

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-02.png

vo-cetvrtok-zapocnuva-tretoto-izdanie-na-fashion-lifestyle-expo-04.jpg

За целосната програма, распоредот и учесниците, следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo и официјалниот настан.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg