Стринг Форсис и Стик Мен на иста сцена во Станица 26

Тони Левин басистот на Питер Габриел со Стик Мен конечно во Скопје!

string-forces-i-stick-men-na-istata-scena-vo-stanica-26-01.jpg

Зад бендот Stick Men стојат тројца виртуозни музичари, Ентони Фредерик Левин или познат како Тони Левин, американски музичар и композитор, препознатлив по тоа што свири „touch guitar“, поточно електричен бас од брендот Chapman Stick. Маркус Ројтер кој свири исто така на touch гитара, која пак е негов дизајн и Патрик Мастелото на тапани. Тони Левин е еден од најпознатите басисти на современата музичка сцена и најмногу препознатлив по неговата долгогодишна соработка со бендот King Crimson и со бендот на Питер Габриел. Низ својата кариера досега има свирено со Џон Ленон, Пинк Флојд, Лу Рид, Дејви Боуви, Том Веитц, Лори Андерсон, Џемјс Тејлор, Пол Сајмон...Практично досега Левин има свирено на преку 500 студиски албуми што е повеќе од одлична препорака да се биде во ноќниот клуб Станица 26 на 22 март со почеток во 21 часот.

string-forces-i-stick-men-na-istata-scena-vo-stanica-26-02.jpg

Извонредните String Forces ќе настапат со 45 минутен концерт пред настапот на Стик мен истата вечер во Станица 26.

string-forces-i-stick-men-na-istata-scena-vo-stanica-26-03.jpg

Нашите Форсис настапуваат во постојан состав: Дориан Јовановиќ - Стик, електроника, Александар Стојанов-Зорин – вокал, ефекти и вокал-лупови, Благојче Пенов – тапани, Дамјан Темков – клавијатури, Александра Мангаровска Милиќевиќ – вокал, флејта и Александра Кузман – виолина. Стринг Форсис досега имаат издадено пет студиски албуми, два во живо неиздадени (во текот на годинава ќе станат достапни дигитално) и едно ЕП во најава

„Настанот е посебен, пробавме да направиме избор од 11 песни,  кој што ќе биде соодветен, а при тоа да опфати материјал од сите наши пет албуми, но и од најавеното ново ЕП. Јас ќе настапам на Стик како инструмент, тоа е инструментот за кој дознав од Тони Левин, поточно од албумите на Кинг Кримсон (King Crimson) и Питер Габриел (Peter Gabriel) во почетокот на 80-тите. Звукот го распознавав, но немав претстава што е и како изгледа. Во 1987, по некои чудни канали, до мене дојде едно брошурче за Стик во кое што имаше слика од инструментот и, нормално, Тони Левин како свири. Тоа беше моментот кога ми беше јасно дека јас тоа го сакам. 10 години подоцна (1997) успеав да го набавам, а три децении подоцна на 22 март ќе бидам на иста сцена со Тони Левин“ вели Дориан Јовановиќ.

Билети за овие два концертни настапи во една вечер се по цена од 1000 денари.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg