Забава со богата програма за 5-от роденден на Skopje City Mall

Skopje City Mall на 4ти октомври слави пет години од своето постоење и по тој повод организира неколкудневна богата програма исполнета со добра забава и активности. Откако ги отвори своите врати пред 5 години, овој трговски центар направи вистинска револуција во шопинг искуството и се постави како регионален лидер помеѓу трговските центри.

zabava-so-bogata-programa-za-5ot-rodenden-na-skopje-city-mall-01.jpg

Од трговскиот центар најавуваат тридневен шопинг фестивал од 6ти до 8ми октомври, каде сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови. На 7ми октомври организираат и Late Night Shopping кога продавниците во трговскиот центар ќе работат до полноќ.  Истата вечер ќе се одржи и ултра-спектакуларно музичко шоу со најпознатите домашни изведувачи кои твореа и имаа хитови во 90-тите години.

После полноќ ќе настапи реномираниот Dj James Zabiela. Низ ходниците на трговскиот центар ќе се одржи и една “модна потрага”, односно ќе се избере стилски најдобро облечените посетители.

zabava-so-bogata-programa-za-5ot-rodenden-na-skopje-city-mall-02.jpg

Како и секогаш, така и овојпат од Skopje City Mall не ги забораваат и нивните најмали посетители, односно на 8ми октомври тие организираат Семеен ден со настап на Петко и бендот 5+.

Skopje City Mall за овие 5 години успеа да стане едно од најпрепознатливите обележја на модерно Скопје, најголем трговски центар со најдобрите странски и домашни брендови собрани на едно место и главно собиралиште на скопјани. Со една реченица, Skopje City Mall прерасна во успешна приказна и неизоставен дел од животот на секој човек.

zabava-so-bogata-programa-za-5ot-rodenden-na-skopje-city-mall-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg