Одлично помина и третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

По големата најава за третото издание на HFW Expo, може да кажеме дека овој викенд, во Градскиот парк, на терените Работнички, поминавме два убави сончеви дена во духот на здравите навики, фитнесот и велнесот!

1.jpg

Трета година по ред, на HFW Expo се собраа најдобрите брендови  и  компании во земјата, да ги промовираат своите производи и услуги од областа на здравјето, фитнесот, велнесот, кои здружени заедно нудат подобар и поквалитетен живот.

И ова издание покажа дека интересот за водење на здрав животен стил, создавање на здрави навики, а искоренување на лошите, се’ повеќе и повеќе расте, па така оваа година бројката на посетите ги надмина и нашите очекувања.

Богата програма на четири анимирани сцени, понуди одлична содржина за разноврсната публика, така што, од најмладите до повозрасните имаа избор на најразлични активности – од најсовремени динамични и интеренсни тренинзи и програми за вежбање, презентации и предавања од областа на здравјето, здравствените проблеми и начини за нивна превенција, совети од врвни медицински лица и нутриционисти, масажи, третмани, до креативни, едукативни и спортски активности за правилен раст и развој на деца, натпревари и квизови со многу вредни награди.

Sport Inn со Spinning ® програмата ни покажаа дека за 50 ml цеден сок се потребни само 2 минути, девојките од PowerHouse Pilates одржаа Powerpilates час во чест на Ирина Митевска, а во неделата, настанот го затворивме со енергичната зумба забава со Zumba by Kate!

Огромно БРАВО за сите оние кои дојдоа со велосипед, за оние кои се пресрамија и се приклучија во тренинзите и активностите и за оние кои ги понесо своите најмили и ја поддржаа нашата иницијатива дека здравите навиките се стекнуваат од најмали нозе и пред се’, во кругот на семејството.

На оние што го пропуштија овој прекрасен настан, не можеме со зборови да им опишеме колку убава и позитивна беше атмосферата, но можат да ги погледнат фотографиите, кои се одлични и пренесуваат огромен дел од неа.

Веруваме дека третото издрание ве остави со многу убави спомени, нови корисни информации, бројни контакти и пријателства!

Потрудете се барем дел од новостекнатите здрави навики да потраат до наредниот септември и со добро здравје да го дочекаме четвртото издание на  Health, Fitness & Wellness Expo!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg