На 29-ти септември почнува „Фестивал на виното“ во „Македонско село“
- Детали
- четврток, 21 септември 2017
Инспирирани од вечната љубов кон виното и неговиот безвременски вкус, продолжува приказната која започна минатата година...
Со желба за придонес во афирмацијата на винската култура во Македонија, развој и негување на култот кон виното, претставување и промоција на најдобрите винарии, и вкусните специјалитети и деликатеси, од 29-ти септември до 1-ви октомври, ќе се одржи вториот по ред „Фестивал на виното”, со надеж дека истиот ќе прејде во традиција која ќе се негува уште многу години.
За време на фестивалските денови, комплексот „Македонско село” ќе биде место каде гостите ќе можат да уживаат во врвните вина од најдобрите винарии, искомбинирани со вкусни специјалитети и деликатеси и богатата музичка програма во единствениот и автентичен амбиент на комплексот.
Повторно да наздравиме заедно за уште една незаборавна приказна!
ВИНСКАТА ТРАДИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА...
Во Македонија виното има статус на национална гордост, а тоа се должи на вековната традиција за производство на овој благороден пијалак во нашите краеви. Македонците со векови ја користеле плодната почва и исклучително поволните климатски услови за одгледување на свежи и хармонични сорти бело грозје и квалитетни црвени сорти со овошна арома.
Денес, може да бидеме горди на македонските винарии кои произведуваат врвно вино - црвено, бело и розе, суво и слатко, како и пенливо и мирно.
Меѓу бројните винарии во Македонија своето место на врвот го најдоа најпознатите Тиквеш, Камник, Бовин, Стоби, Сопот, Сковин, Лозар.